Наумче од СДСМ со стил го прифати предизвикот на Борко од ВМРО-ДПМНЕ, па сега тој го возврати ударот

0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето видео обраќање пред извесен период им порачува тој на македонските граѓани.

Компаниите кои се најдиректно изложени на штетните последици од пандемијата губат по 110 милиони евра месечно. 70 проценти од овие компании се мали со од еден до 9 вработени. Тие се првите на удар.

Во отсуство на брза реакција на властите, секој од вас може да помогне. Се прашувате како???

Купувајте македонски производи и спасете работно место. Секој човек во економскиот свет е потрошувач, трошете паметно и купувајте производи произведени во Македонија за да и помогнете на економијата, а највеќе да помогнеме да се сочуваат работните места, а така си помагаме себеси.

Купувајте македонски производи, затоа што така ја правиме државата подобра и затоа што ја сакаме Македонија!

По ова на социјалните мрежи започна предизвик на кој пред се членовите на ВМРО ДПМНЕ се фотографираа со прехранбени продукти од македонско произвоство.
Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски стана дел од стратешкиот тим на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Борко Ристовски влезе во политиката, тој денеска од Христијан Мицковски беше именуван за стратешки соработник за прашањата од областа на спортот.

„Чест, задоволство но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Од моја страна, можам единствено да ветам максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт.

Во периодот што следи ќе понудиме низа проекти и програми за подобрување на условите за работа на спортските федерации, клубовите, спортските работници и се разбира спортистите, пренесени од позитивните пракси од европските земји. Нека спортот биде еден од главните столбови на кој ќе го градиме нашето општество и да пробаме да ја направиме Македонија поубаво место за живеење. Да живее Република Македонија“, напиша Борко Ристовски на својот фејсбук профил.

Ваков чекор направи и репрезентативниот голман на Македонија и член на Вардар, Борко Ристовски кој влезе во тимот на лидерот на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ. Борко се реши да го предизвика некогашниот него соиграч од националнио тим, Наумче Мојсоски кој пак е во таборот на СДСМ.

Денес стружанецот, Наумче со стил му врати на Борко:

Предизвикот на Борко Ристовски не само што е прифатен туку е надграден.Не само што купувам македонски произвоиди туку и донирам кон оние на кои им е најпотребно, особено во време на криза. Доброто со добро се враќа. Борко, донирав јас, донирај и ти.

Предизвикот на Борко Ристовски не само што е прифатен туку е надграден.Не само што купувам македонски произвоиди туку…

Публикувахте от Naumce Mojsoski в Сряда, 8 април 2020 г.

Патем, приклучи се на иницијативата #Спортистипротивкоронавирус заедно да ја победиме оваа утакмица, утакмица за здравјето на сите наши граѓани. Топката е фрлена. ПС: Ристовски, моето презиме како и сечие, се пишува со голема буква

Претходна статијаДокторот Пановски: Зошто ни се 200 респиратори, што ќе ни се 200 споменици
Следна статијаБерни Сандерс се откажа – познат противникот на Трамп на изборите наесен