Максим Димитриевски јавно објави од кој висок функционер на СДСМ е длабоко разочаран

0

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитиревски повторно денес се огласи преку својот профил на Фејсбук каде што напиша:

Од 1995г. се водам по начелата на мојата партија за демократија, еднаквост, отчетност, одговорност… и во тој дух ја извршувам функцијата градоначалник на најголемата општина во државата и ќе продолжам така.

Длабоко сум разочаран од изјавата на портпаролот на СДСМ и ја сметам за избрзана и несреќна. Покрај политичка носиме и институционално – општествена одговорност кон граѓаните и јавноста кои не избираат по предлог на партиите.

– Дебатата ќе ја водиме внатре во партијата.

Сега е време за дејствување против епидемијата и помош на граѓаните.

Постапката ќе покаже дека нема основ за кривично дело и дополнително ќе ги потврди сомнежите. Институционалната хајка која се води против мене и членовите на штабот изминатите денови за мене до овoj момент е неразбирлива.

Не сакам ни да помислам дека некој во овие тешки моменти се поигрува со здравјето на моите сограѓани, води политика и креира црни сценарија за елиминација на неистомисленици.

До тогаш останувам посветен на борбата против епидемијата и моите секојдневни обврски за доброто на сите граѓани.

– Уште еднаш ја повикувам директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Министерот за здравство да го достави извештајот на увид на мене, штабот и јавноста, сепак тоа не е таен документ.

– Сакам да ја информирам јавноста дека штотуку го добив резултатот од вториот контролен тест кој е негативен направен во Институтот за Јавно Здравје, од утре продолжувам посветено со моите работни обврски.

– Да живее Социјал Демократски Сојуз на МАКЕДОНИЈА, Куманово, Македонија и сите нејзини граѓани.

Претходна статијаУниверзитет од Сингапур со прогноза кога Корона вирусот би го снемало во Македонија
Следна статијаВело Марковски: Луѓето се исплашени повеќе од што треба