Македонецот што победи во „Големиот брат“: Многу работи што ги гледате во реалните шоуа се испланирани

0

Како што веќе знаете, естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ од неодамна ја започна кампарата „Седи дома“, од која секојдневно на нивниот профил на Инстаграм вклучуваат во живо познати имиња.

Вчеравечер тоа место го имаше познатиот ријалити учесник, кумановецот Дарко Спејко.

Тој најмногу згоруваше за своето искуство во ваквите формати на шоуа, особено со победата во „Големиот брат“, но сега како потазе, се осврна на неговото најново и последно влегување во актуелното шоу „Задруга 3“.

Од повеќето прашања кои ги доби од новинарката, Спејко без доза на резервираност ја откри реалната слика за популарното ријалити. На прашањето дали некои од кавгите и сексот меѓу учесниците се исценирани, тој вели:

-Видете, тие хонорари што се земаат таму мора да се оправдаат. Некои од караниците се испланирани, а тоа е поврзано и со номинациите. Кога пак сексот е во прашање, ја сум бил сведок дека ништо не се случило помеѓу некој од задругарите, а сепак се пишувало за тоа или изгледало така пред камери, вели Спејко.

Додека кратко беше во „Задруга“ Дарко се забавуваше со Тара Симов, која иако подоцна немаше убави зборови за него, тој вели дека ја почитува, тоа што го имал со неа било само забава, но навива за неа и му е една од фаворитите за победа.

-Кога влегов сакав да се дружам и забавувам со некоја девојка, тоа беше Тара. Иако подоцна зборуваше за мене непријатни работи, јас не сакав да возвраќам на провокации, открива Спејко и додава дека не би влегол во шоуто повторно ако го повикаат.

-Имам некои други планови, подготвувам некои документи, а ријалити кариерата ја оставам во минатото, Дарко беше сигурен во намерата, но не сакаше да ги открива деталите за заминувањето во странство.

Претходна статијаПознато до кога сигурно Македонците нема да може да влезат во соседна Грција – мерката продолжена до 15 мај
Следна статијаДејан кој има 35 години сведочи за борбата со Корон вирусот: Еден ден се пробудив со цевка во уста