Македоски државјани и државјани на трети држави со живеалиште во Германија моментално не може да се враќаат од Северна Македонија во Германија, бидејќи Владата на Северна Македонија веќе на 18 март 2020 година ги затвори сите граници за проток на луѓе.
Иако враќањето на местото каде што живеат во Германија и понатаму е дозволено за државјани од трети држави (без германско државјанствo или државјанство на една од ЕУ-членките), кои поседуваат важечка германска дозвола за престој.
Според проценките на амбасадата не се планирани ниту посебни летови од Скопје за Германија, ниту активности за враќање од страна на министерство за надворешни работи на Германија. Така што сите треба да почекаме, додека Владата на Северна Македонија повторно ги отвори границите и да се нормализира патничкиот сообраќај.
Кога ќе се случи тоа, зависи од развојот на настаните околу Ковид-19 во Северна Македонија и во соседните земји. Прогноза во врска со тоа не е можна. Ве молиме следете ги информациите од Владата на Северна Македонија.
Македонски државјани и државјани на трети држави со своите прашања околу излегување од Северна Македонија треба да им се обратат исклучиво на македонските служби. Германската амбасада не е во можност, покрај овде објавените информации, да ги одговори многубројните други прашања.
Како да се добие германски пасош? По правило, странец мора да живее во Германија осум години за да аплицира за државјанство, а во иднина, и искреноста ќе биде важен критериум!
Странците кои при влез во земјата дале неточни имиња или земји на потекло, потешко ќе добијат германско државјанство. Новиот нацарт-закон на германското Министерство за внатрешни работи предлага времето поминато во Германија под лажен идентитет повеќе да не се смета.
Ова е важно бидејќи странците во Германија мора да живеат подолго од осум години за да можат да аплицираат за германски пасош.
Правниот систем кој се сфаќа сериозно, не треба да ги наградува оние што не го почитуваат. Во спротивно, се крши законот, се прави дискриминација на оние што се придржуваат кон законот, а тоа ги поткопува предусловите за неговата ефикасност, се вели во образложението на предлог законот.