Раздразливост и инаетливост се најчестите реакции кај децата поради актуелниот карантин за заштита од КОВИД 19.
Позитивните емоции и креативноста во најголем дел да можат да придонесат за надминување на стресот и стравот кој е подеднакво присутен и кај децата кои го манифестираат на начин адекватен на нивната возраст, сметаат стручњаците.
Вонредна ситуација и мерки кои ќе потраат, за доброто на сите нас, велат надлежните.
Вонредна ситуација и за родителите на децата во предшколска возраст на кој начин да му се објасни стравот на детето, страв кој и нив ги измачува.
Децата не можат да ја разберат промената зошто морат да бидат дома и нивниот револт да го манифестираат преку однесувањето. И така да станат непослушни и инаетливи, родителите да разберат дека детето ја изразува вака својата напнатост или досада, вели прим др Мери Бошковска, психијатар за деца и млади.
За луѓето во поодминати година често важи синонимот за постари бебиња за кои исто така карантинто може да биде прблеми.
Една 93-годишна бабичка очигледно знае кој е рецептот за да се издржи карантинот поради корона вирусот.
Имено, Олив Веронеси го освои светот и стана вирален хит откако позираше на прозорец од својот дом во Пенсилванија со напис: “Ми треба уште пиво!“
Фотографијата беше објавена на Фејсбук и за кратко време беше споделена над 46 илјади пати.
На фотографијата има речиси 3 илјади коментари, а во голем дел луѓе од целиот свет се нудат да ѝ купат пиво на старата жена, на што таа одговара:
„Убаво е доколку можете да направите такво нешто за една млада дама“.