Филипче проговори и за можноста да се воведе целосен 14 дневен карантин во Македонија

0

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје по чинаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). Во Куманово дома почина уште еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица.

Филипче кажа дека има влошување на клиничката слика на родилката од Куманово која има Ковид-19.

Таа се уште е респираторно независна, но има значајно потешка клиничка слика. Интензивно се прати нејзината состојба, рече Филипче.

Во ГОБ„8-ми Септември“ хоспитализирани се 19 пациенти, од нив тројца се на ресираторна машина, а 9 се со потешка клиничка слика.

Во Битола пристигнаа сите пацинети од Охрид, кои ќе лекуваат во овој регионален центар.Во Штип се хоспитализирани четири пациенти, еден со средно тешка клиничка слика и тојца со лесна клиничка слика.

Во Скопје на клиниката за дигестивна хирургија, едно лице од техничкиот персонал, кажал дека има заболени во неговото семејство, не потврдени за коронавирусот. Утре сите ќе бидат тестирани и неговите колеги- рече Филипче.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица.

Денеска остваривме посета во болницата во Куманово, со оглед на тоа дека кај 18 вработени е дијагностициран вирусот со што е направена реоргнизација на работата. Најмногу на инфективното одделение. Од вкупно 700 вработени има уште 70 кои што се во самоизолација.

Директорката информираше дека има доволно количина на заштитна опрема. Што се однесува до останатите одделенија сите функционираат соодветно.

Подготвени сме за поригорозни мерки ако се наметне потреба, но сѐ уште не се размислува за воведување од 14 дневен карантин на целата територија на државата, рече министерот за здравство, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање да даде коментар на информации појавени на социјалните мрежи за можно воведување на 14 дневна рестрикција на цела територија на државата

Сметаме дека овие мерки се доволни, додаде министерот, велејќи дека пиковите на бројот на детектирани случаи секојдневно се пратат и се анализираат.

Претходна статијаД-р Даниловски: Што можевме да направиме и што треба да направиме
Следна статијаБорко откри што му се случило изминатите денови и порача: Мојата борба за мојата Македонија допрва почнува