Денес на социјалните мрежи доста коментиран беше случајот со мајката со малото бебе од Инфективна клиника кој изнесене низа обвинувања:
„Кого лажете за добра комуникација, доктор и пациент? Да лежиш 15 дена на Инфективна клиника и еден доктор да не ти каже резултати, ни зошто примаш терапија ни зошто те боцкаат?
Кога прашуваш за вода да ти кажат дека се потрошила донацијата, а на телевизија да кажувате бебе на посебна исхрана. Каква е таа посебна исхрана? Три дена да ти велат дека ќе земат брис на бебето, а не земаат. Гајле ви е дали има чиста облека или парно за доколку испереш нешто да се исуши? Да ти кажуваат спреми се, си одите, а за 15 минути да дојде друг да ти рече, не си одите?“,
Во меѓувреме се огласија и од Министерството за здравство од каде што сето тоа го демантираа:
„Од Инфективната клиника појаснуваат дека на мајката во повеќе наврати и е објаснета здравствената состојба на детето како и потребата за земање два последователни бриса.
Детето секој ден редовно се прегледува и најмалку 3 пати влегува дежурна лекарска служба. На мајката ѝ се обезбедуваат сите расположливи услови, од бокал за греење на вода, козметика за бебето, снабдување со вода и други продукти кои ги добива Инфективната клиника како донација. Детето е интензивно контролирано по препорака од педијатар и покрај добрата клиничка слика“.
За овој случај на денешната прес конференција се огласи и самиот министер, Венко Филипче.
„Дозволете енергично да ги демантирам обвинувањата со оглед на тоа што јас лично бев вклучен во овој случај одговарајќи на новинарски. Бев информиран и за стручниот пристап и делењето терапија и целиот процес на лечење“, кажа Филипче.