Попладнево пристигна убава вест за македонските граѓани: Од утре се намалуваат рестрикциите на движењето

0

Како што претходно во денот беше објавено денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови.

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес – 3 и Валандово -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259.

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13.000 тестирања на Ковид -19.

Денес од Владата беше објавено дека почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.

Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.

Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот. Повеќе детали на прес-конференцијата во 17 часот.

Претходна статија(ВИДЕО) Градоначалникот на Куманово низ солзи крајно емотивно: Страшни дворски игри
Следна статијаФилипче експресно одговори на мајката со бебето за обвинувњата: Енергично демантирам, лично јас бев клучен