Една од ѕвездите на „Ла Каса де Папел“ откри дека има пријатели Македонци: За себе секогаш ќе велам дека сум Југословен

0

Ако имате профил на која било социјална мрежа и не сте склони да ги следите трендовите, веројатно сте свесни дека постои серија наречена „Ла Каса де Папел“ и сите ја гледаат.

Покрај создавање на силно чувство на страв, паника и безнадежност, пандемијата на коронавирус создаде серија хитови на карантин, во морето на серии и филмови, се појави и четвртиот дел на Ла Каса де Папел.

За само два дена, серијата стана најбарана на светско ниво од која било друга серија, а со тронот, исто така, ги отстрани магнетите за гледачите како Game of Thrones, The Walking Dead, Brooklyn Nine-Nine и Westworld. Поточно, само во првата недела овој шпански хит го видоа 34 милиони гледачи, а во овој момент тоа е најгледаната странска серија на оваа платформа.

И не, ова не е шпанска сапуница, туку серија која има прилично импресивен рејтинг (8,6) на IMDb и 92% позитивни прегледи на Rotten, што значи дека публиката и критиката споделуваат ентузијазам.

„Роден сум во Југославија. За себе секогаш ќе велам дека сум Југословен. Имам многу пријатели Хрвати, Словенци, Македонци… Татко ми потекнува од Косово, а до неодамна таму живееја баба ми и дедо ми. Сега татко ми живее во Црна Гора и тоа не е истата земја.

Сестра ми и мајка ми живеат во Нови Сад. Жена ми е Романка, а син ми е полусрбин. Затоа себеси се сметам за граѓанин на светот. Повеќе сакам да кажам дека сум глумец од Блаканот, отколку од Србија или Шпанија“, изјави  Дарко Периќ во интервју за српски „Телеграф“.

Роден е на 25 март 1977 година во Кладово. Во 1995 година заминал од родниот град и почнал да живее во Романија каде што студирал ветерина. Таму ја запознал и сопругата. Од Романија заедно се преселиле во Берлин, а потоа во Барселона.

Градот им се допаднал толку многу, што решиле да останат да живеат таму. Првата улога ја добил пред десетина години, во серија што се снимала во Барселона. Агентката што го ангажирала, го забележала на улица. Ѝ се видел како интересен лик заради големата брада, но и тетоважата на мечка што ја има на стомакот.

По првата, следела улога во една од најгледаните шпански серии Mar de Plastico. По ова почнал да глуми во филмови покрај големи шпански и светски ѕвезди. Но, „Ла Каса де Папел“ му донесе популарност во целиот свет.

„Снимав многу, буквално сè што ќе ми се понудеше. Но, морав да се смирам откако станав татко и затоа ја прифатив улогата во серијата. Сакав да имам постабилна работа, да си доаѓам дома, да го гледам синот. Со серијата сум врзан цела година, па сега морам да одбијам некои проекти што можеби би ги прифатил да немав
договор со продукцијата“, вели Дарко.

Во хит-серијата тој го глуми Хелсинки, силен, духовит, но и нежен лик, кој е меѓу омилените на публиката. Хелсинки не зборува многу, а и кога зборува, тој повеќе пцуе на српски, отколку што зборува на шпански.

Дарко вели дека кога ќе заврши снимањето на серијата сака да се пресели во Америка и да проба да се пробие во Холивуд.

Претходна статијаСкопска пекара открива на каков начин била измамена и апелира: Ве молиме внимавајте
Следна статијаБорјан Јовановски: Нема никаква стара калдрма во Стара Чаршија која сега се менува