Борјан Јовановски: Нема никаква стара калдрма во Стара Чаршија која сега се менува

0

На социјалните мрежи се споделува фотографија од раскопаната Стара скопска чаршија, а граѓаните револтирано прашуваат што се случува и зошто се копа калдрмата во вонредна состојба во време кога во поголемиот дел од денот на сила е полициски час и забрането е движење и собирање на граѓаните.Од општина Чаир на официјалната Фејсбук страница се објавени повеќе фотографии со следното објаснување.

„Проектот за ревитализација на Старата Скопска Чаршија се реализира според утврдената динамика.Калдрмите и витрините на дуќаните на занаетчиите се автентични културни карактеристики на нашето гнездо на културата – Старатa Скопска Чаршија за чие одржување Општина Чаир се грижи преку проектот за ревитализација и зачувување на нејзината инфраструктурна автентичност.

Така денес Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со поранешниот градоначалник на Општина Чаир г-дин Изет Меџити, координаторите на проектот Џавит Гаши и Седат Кубур извршија непосреден надзор над работниот процес. Еден дел од калдрмата и витрините се веќе поставени и со големо посветеност се продолжува низ другите делови на Чаршијата.

Им се заблагодаривме на работната екипа за коректноста и докажаната професионалност во текот на реализацијата на работниот процес“, пишува во објавата на општина Чаир.

Со реакција и два статуси на социјалните мрежи се јави новинарот Борјан Јовановски:

Via Miodrag MisolicОва што сега се тргнува од Турска чаршија, нејзината пешачка подлога, воопшто не е „автентична калдрма“, туку е травертин поставен пред 10-15 години.

Кога првпат го видов, бев шокиран колку е грд и колку евтино изгледа (а не верувам дека е евтино наплатен, ама а не грешам душа, не го знам тоа). Затоа, не што не ми пречи дека се замени, туку мислам дека ТРЕБА ДА СЕ ЗАМЕНИ. Од тој аспект, немам забелешки.

Проблемот е во начинот и во изведбата. Дали е избран најповолниот момент? Можеби и е, со оглед на тоа што поради полицискиве часови, дуќаните и онака не работат со вообичаениот ритам.

Дали знаеме како ќе изгледа чаршијата потоа? Не би рекол. За таква капитална реконструкција, на една од најзначајните културно-историски знаменитости на Скопје, мора(ше) да има многу поширока, потемелна и појавна јавна расправа.

Одлуката за реконструкција не е нова, туку била донесена во октомври? Океј, но не се сеќавам дека и пред октомври јавноста широко дебатираше за предложениот нов изглед на чаршијата. Можеби стручната – да (?), но за ова прашање мора да се информира и обичната јавност, и тоа детално. Ни сега не видов проекции или нацрти од проекти, за тоа што ќе добиеме по реконструкцијата.

За мене тоа е главната дилема, а не дали треба да се тргне грдиот травертин, кој никогаш не требаше да биде ни поставуван.

А во уште еден статус тој додаде:

Нема никаква стара калдрма во Стара Чаршија која сега се менува. Има само институцинална некултура да се влезе во ваков проект без најава, без објаснување детално па и јавна расправа во која ќе бидат вклучени пред се архитектите и сите други релеватни еснафи за ова битно градско јадро

Претходна статијаЕдна од ѕвездите на „Ла Каса де Папел“ откри дека има пријатели Македонци: За себе секогаш ќе велам дека сум Југословен
Следна статијаПо Кина уште една голема држава на чекор да го победи Корона вирусот: Доби пофалби од Светската здравствена организација