Држава во која има многу македонски студенти ќе дава по 150 евра на секој студент

0

Словенија на дневно ниво има 9 нови случаи на инфекција со коронавирус и нема регистрирано ниеден см ртен случај, а словенечките епидемиолози проценуваат дека епидемијата се смирува, беше објавено денес.

Вчера биле извршени 1174 тестови и потврдени се девет нови случаи на инфекција со коронавирус, но бројот на починати остана ист, така што починаа 77 лица заразени со коронавирус, објави словенечката влада.

Според епидемиолозите, заразата со коронавирус продолжува да се смирува, за што сведочи тоа што за тројца е намалена хоспитализацијата на болните во понеделник во однос на неделата и сега вкупно има 85 хоспитализирани пациенти, додека оние кои се на интензивна нега се 25, и се исто така за еден помалку од претходниот ден. По закрепнувањето, уште четворица пациенти беа отпуштени од болницата во понеделникот.

Вкупниот број на потврдени инфекции со коронавирус од почетокот на епидемијата до крајот на вчерашниот ден се зголеми на 1.344 случаи, по 42.976 тестови.

Словенечката Влада го финализира текстот на новиот Закон за ублажување на последиците од коронавирусот кој според најавите ќе „тежи” речиси три милијарди евра.

Владини извори информираат дека ако со првиот Закон, целта беше да се зачуваат работните места и да им се помогне финансиски на граѓаните, со новиот ќе треба директно да се поддржи индустријата, односно да се задржи ликвидноста на компаниите.

Со цел полесно да се справат со ограничувањата поради епидемијата на коронавирусот, студентите во Словенија од денес ќе можат да аплицираат за солидарна државна помош од 150 евра.

Аплицирање може да се направи по електронски пат, а за тоа нема определен рок, односно студентите можат да се пријават за додаток кога ќе посакаат.

За да се добие оваа државна помош потребно е лицето да запишано на еден од универзитетите во земјата и да има пријавено постојано или привремено живеалиште во Словенија.

Ова помош за идните академски граѓани е дел првиот Закон за помош поради епидемијата на коронавирусот.

Претходна статијаНови убави вести: Денес во Македонија едноцифрен број на нови случаи со Корона, расте бројот на оздравени
Следна статијаФилипче најави добри вести: Полицискиот час значајно се скратува