Денес добив многу добро прашање во врска со корона вирусот, неговото развивање како болест и негово лекување, за кое мислам дека заслужува и соодветен одговор:
Корона вирусот го населува нашиот организам и до тој момент нема ништо опасно кај нас, зошто нашиот имунолошки систем одлично ќе се справи со истиот и нема да се развие никаква инфекција или таа ќе биде во многу блага форма(ова е групата на заразени пациенти, кои го поминале вирусот без симптоми, без терапија и од дома).
Кај друга група заразени пациенти, имунолошкиот систем, поради други коморбидитети, е значително ослабнат и истиот нема да даде соодветен одговор на вирусот и истиот ќе продолжи да се размножува, се до процент да предизвика компликација од неговото ширење, во форма на кашлање, високи температури, дијареја и на крај кога имуниот систем ќе колабира, ќе се развие билатерална пневмонија, која како дијагноза е доста смртоносна.
Оваа група на пациенти, веднаш штом почнат да ги развиваат симптомите, се прави нивна хоспитализација и според симптоматологијата, се даваат комбинации на антибиотици, витамини, кислородна поддршка. Со други зборови, до овој момент медицината во светот, се базира на лекување на компликациите од корона вирусот.
Во овој момент, единствениот начин за борба против корона вирусот, кој е докажан во медицината е изолација/карантин во период од минимум 14 дена, на сите оние кои се суспектни или инфицирани, дистанцирање помеѓу луѓето 1.5-2 метри, избегнување на групирање на луѓе, носење на маски, редовно и често миење на рацете, дезинфекција на раце и површини кои почесто ги допираме, често проветрување во домовите и затворените простории.
ЗАКЛУЧОК:
1. Медицинско хоспитално лекување, само при компликациите од корона вирусот.
2. Во овој момент во светот и кај нас, во директна борба против корона вирусот, се погоре наброените превентивни мерки.
3. Медицинскиот свет е во фаза 3 или 4 од испитување, за да се пушти во употреба вакцина против корона вирусот, која вакцина, ќе делува директно на уништување на самиот вирус.
До тој момент, треба да ги почитуваме превентивните мерки, треба да се храниме здраво, за да го зајакнуваме нашиот имун систем, а за оние тешки компликации од корона вирусот, нашиот здравствен систем е спремен да ги лекува со соодветни комбинации на антибиотици и други лекови, компликациите од корона вирусот.
Се надевам дека ова објаснување ќе помогне кај многу луѓе да ја разберат сериозноста на сите превентивни мерки кои ги превзема Министерството за Здравство, со цел да имаме што е можно помалку компликации од корона вирусот.
Ваш
Д-р Сашко Николов