Денис: Моево писание не е за да привлечам браво, си ја сакам работата и ова го работaм со многу љубов

0

Статус на Денис Јанкуловски:

Јас сум една капка во морето кое е полно со ваков тип космонаути. Моево писание не е за да привлечам БРАВО, тоа го имаме веќе одамна сите и навистина многу ни значи и ни помага секојдневно.

Си ја сакам работата како и сите мои колеги и ова го работиме со многу љубов и енергија бидејќи знаеме дека тоа што го правиме е за здравјето на сите нас.

Не ни е воопшто тешко што сме речиси по цел ден во скафандери, ракавици, маски, визири. Не ни е воопшто тешко иако еве фатија и жештини и верувајте не е баш едноставно да си во скафандер и да имаш чувство како да си во сауна (иако можеби помага тоа во слабеење)

Во ниту еден момент не помислуваме на ова, едноставно знаеме дека тоа ни е работата, тоа ни е задачата и си ја извршуваме крајно совесно и професионално.

Океј, и интересни сме така облечени, некои не` загледуваат како атракција, некои не` избегнуваат а многумина веќе и не завикаа Космонаути благодарение на детенцето што така ме нарече.

Знам, јасно ми е дека и вам ви е смачено од седење дома, од полициски часови, од забрани и сите едвај чекате да излезете и да прошетате. Да се видите со комшиите.

Но верувајте дека ние можеби и со многу поголемо ЕДВАЈ чекаме да ги соблечеме скафандерите, да прошетаме со семејствата и пријателите. И ние сакаме да стигнеме да испазариме нешто, да стигнеме отворени продавници или банки.

Затоа искрено и најискрено од мое име, од името на моите колеги од Аполо 6 и од името на сите засегнати Ве замолувам:

Почитувајте ги препораките, не се опуштајте премногу, се уште не е се готово. Излезете ама внимателно, совесно и заштитени како што треба. Држете растојание, не се групирајте.

Издржете затоа што уште време ни е потребно за да ги симнеме маските. А тоа време ќе го скратиме само ако функционираме заедно

Колку вие поумни толку ние побрзо без скафандери. Kолку вие посовесни толку ние побрзо со вас заедно на прошетки. Колку вие поодговорни толку помалку полициски часови.

Ви благодарам на разбирањето и се надевам дека ова ќе стигне и онде каде што досега имало бариера.

Слушајте ги Венко и Денко.

Гуш и бац ❤️

Претходна статијаДодека светот го прежали, Ким Џонг-Ун денес се огласи со писмо до нацијата
Следна статијаУште една омилена туристичка дестинација на Македонците најави кога го враќа туризмот