Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.419.234 лицa. Од нив по чинати се 165.777, а оздравеле 633,446 луѓе.
Со денешните оздравени 21 лице, досега имаме оздравени вкупно 200 пациенти. Од денешните оздравени 16 се од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови, инфорираше министерот за здравство Венко Филипче.
Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на заболени. По градови: Скопје – 2, Куманово – 9, Штип – 2, Тетово – 2, Велес – 1. Гостивар – 1 и Пехчево – 1.
Министерот Венко Филипче истакна дека добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да надминеме. Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести. Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката, дисциплината и трпеливоста.
Еден од пациентите која го победила вирусот е и Данче Шишовска од Скопје која информацијата ја сподели на својот профил на Фејсбук :
Драги роднини, пријатели, познаници, добронамерни и вие непријатели… сакам да ви соопштам дека успешно се изборив со оваа катастрофа што не снајде сите – наречена корона вирус и со два негативни теста успешно го совладав!
Да не заборавиме сите сме луѓе, полна вреќа и не знаеме што носиме во себе… не по моја вина, како и многу други и јас бев жртва на овој вирус, меѓутоа успешно го совладав.
Како што сум била борец за се друго во животот така се изборив и против ова зло, ги преживеав и сите малограѓански муабети и победив за себе и за својата фамилија.
За сите вас што бевте со мене во овој тежок период па дури и за вас што не бевте, победив за МОЕТО ДЕТЕ, победив за СИТЕ ВАС! А вие не заборавајте да бидете луѓе, не заборавајте дека не сте непобедливи само изборете се и молете се за вас и вашите најблиски да сте добро и Господ да ве чува!
Бидете ми добри, чувајте се и почитувајте ги мерките кои ви ги кажуваат, само така ќе го зачуваме нашето здравје на нашите сакани.
Ве сакам сите па за брзо да се видиме секако тие што сакаат да ме видат, затоа што свесна сум дека ќе има и такви што ќе бегаат.
И на крај едно големо благодарам до сите што на било кој начин ми помогнаа да не ги набројувам да не пропшутам некој „ВИ БЛАГОДАРАМ ЛУЃЕ“.