Брачен пар од Скопје изработуваат и бесплатно даваат маски (ФОТО)

0

Светот е преокупиран со заразата која доби пандемиски размери и ги затвори не само главните метрополи, туку и сите населени места во државите.

Секоја држава применува свои методи за спречување на ширење на вирусот, но најголемиот дел, ги послушаа препораките на Светската здравствена организација и им препорачаа на своите граѓани да седат дома.

Овие пак побрзаа да купат залихи во храна, која би им била на располагање во таканаречениот карантин. Но не само храна. Се испразнија и аптеките, а заштитни маски и ракавици, станаа барани како никогаш досега.

Не само кај нас, туку секаде во светот. Нивната цена се покачи, а производителите на истите не можат да постигнат за да ја задоволат побарувачката на пазарот.

Кога си во самоизолација, можеш да гледаш вести, турски серии, да сурфаш на интернет… да се жалиш, самосожалуваш, да обвинуваш, браниш… А можеш и да правиш нешто.

Во изминатите неколку дена по социјалните мрежи се споделуваа фотографии од повозрасните лица и пензионери како чекаат пред банки, а јавноста ги осуди со негативни коментари.

Тие можеби и подобро од нас, помладите знаат што треба да прават во ваква вонредна ситуација, особено кога станува збор за тоа како да го „потрошиме“ времето поминато во изолација.

Фотографија од домашната карантинска работилница на еден повозрасен брачен пар се појави на социјалните мрежи. Тие изработуваат заштитни маски и ги подаруваат, а фотографијата ја сподели нивната ќерка со апел кому и да му требаат, слободно да ги контактира. Секоја чест.

Претходна статијаД-р Даниловски: IGM телата се појавуваат во 9-тиот ден – треба да се набават 400 илјади тестови
Следна статијаВо Франција повозрасните веќе не се ни ставаат на респиратор