Божидар Божиновски: МПЦ реши да си игра со здравјето на верниците и колективното здравје

0

Статус на Божидар Божиновски

Вашето право на движење не е поголемо од нечие право на живот

Не се работи овде за индивидуални права туку за општествена одговорност кон постари, кон луѓе со послаб имунитет, кон болни од срцеви заболувања, дијабетес и други ризични групи кои тешко би го поднеле вирусот.

Одговорноста е кон здравствениот систем и сите болни, затоа што ако сите ресурси одат кон борба со Корона ќе останат без лекари и медицинска помош и многу други болни. Може и вие.

Ама економијата… Кој е интересот сега да имавме 5000 болни? Колку подобро ќе и беше на економијата? Ќе имаше поголем страв и параноја и без полициски час кога сите болнички капацитети ќе беа полни, кога бројките ќе беа од ден на ден повисоки на мр тви, кога како во САД и Кина ќе имаше масовни закопувања.

Факт е дека најголем дел сме финансиски сјебани. Не е крај на светот, сме биле повеќето сиромашни, а мртви да сме имаме шанса само еднаш, да не е сега.

Покрај тоа и да сте здрави и да го прележите вирусот лесно, поради тоа што е нов, засега се знае дека уништува 20-30% од белите дробови и каква штета може да има понатаму којзнае.

Дали вирусот е теорија на заговор? И да е, луѓе умираат. Ако си на респиратор во полна болница сѐ едно ќе ти е дали е од лабораторија, од лилјак или од 5г.

То е ако имаш среќа да си под 65 па да те лечат затоа што земјите каде што има голем број случаи постарите воопшто не се лечат. Тешко е ова? А која тежина е да ти вратат дима родител од кој кренале раце сите и да го гледаш кај што умира?

Зошто маркети, а не природа? Пошто во природа не можеш да купиш храна, намирници и сѐ што ти треба. Пошто додека никој не гледа сигурно се прави масовна сеча на дрва. Затоа што секоја година има вакви забрани за движење поради пожари. И на крај затоа што многумина ја сфатија природата како кафич на отворено па одеа таму да прават забави.

МПЦ (за разлика од другите православни цркви како Српската, Грчката, Бугарската) реши да си игра со здравјето на верниците и колективното здравје со причест. На те е ИВЗ да се покаже поодговорна во време кога главите свети места на Исламот – храмовите во Мека и Медина се затворени од страна на државата да ги повика нејзините верници да слават од дома.

Сѐ е ова за вакцини! Вакцинирањето со БСЖ (вакцинирани сте, во Италија и Шпанија не беа) ги намалува шансите за 6 пати за пренос на вирусот. Се размислува за повторно вакцинирање каде што не беше задолжителна вакцината…

Ќе не чипираат. Веќе сме чипирани од системот, од образование, од медиуми, од наметнат начин на живот, работи, трупај, умри. Чипирани сме од пропагандни локални и глобални, од бендови, од светоглед, од статусни симболи и култови.

На крај ако едно одење на Водно, Пелистер, Маврово, дремење во кафана и слично ви е поважно од животот на друг човек тогаш проблемот ви е за психијатар.

Слободата завршува онаму каде што си опасност за друг.

Претходна статијаИако татко му е претседател на Србија, за Данило нема попуст: Познато како ќе живее синот на Александар Вучиќ во следниот период
Следна статијаДокторката Весна од скопската Итна помош сведочи како и поминува еден работен ден