Бојко Борисов повторно пушти срце: Откако ги награди докторите, сега со бонус од по 300 евра за полицајците

0

Во Бугарија има 929 заразени со Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Во денешниот ден регистрирани се уште 14 случаи – 11 во Софија, по еден во Смолјан, Сливен и Хасково.

Хоспитализирани се 268 се лица додека 34 се пациентите во одделенија за интензивна нега. Бројот на медицински персонал кај кој е потврден коронавирот е 76.

Нема нови по чинати, јави БТА. Бугарија има 6 по чинати на еден милион жители. Помалку има само Латвија, а тоа се 3.

Доцент Мангаров, шеф на инфективното одделение во болница во Софија, во интервју за националната телевизија, кажа дека сите мерки кои се превземени за ограничување на заразата од коронавирус нема да го решат проблемот со ова епидемија.

Според него, вирусот ќе престане да се проширува само тогаш кога 70% од населението го преброди по еден или друг начин. Во 80 од 100 случаеви вирусот ќе помине низ организмот без симптоми. После тоа вирусот ќе стивне.

Во огромен дел кај овој вид вируси, симптомите не се осеќаат, и не ништо поразлично од еден обичен грип. Проблемот на овој грип е за оние луѓе кои веќе страдаат од друга болест, тогаш најчесто се доаѓа до компликација и човечки животи можат да се загубат. – кажа доцентот.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска објави дека полицајците од првите линии во спроведувањето на мерките за заштита ќе добијат еднократна награда од 650 лева, односно околу 300 евра, на барање на министерот за внатрешни работи Младен Маринов.

Според Борисов, полиајците се едни од најзаслужните што во Бугарија навремено е зауздана епидемијата од корона вирусот и бројот на заболени во однос на населението е релативно мал и контролиран.

Пазарите и продавниците работат. Луѓето слободно се движат по улиците. Нема вечерен полициски час. Никој не врши притисок над граѓаните. Се функционира како вообичаен ден, рече Борисов.

Тој додаде дека паричната награда за полицајците ќе започне да се исплаќа уште од денес.

Претходна статијаФилипче најави добри вести: Полицискиот час значајно се скратува
Следна статијаПензионираниот доктор Радмило за Корона вирусот: Едно нешто мораат сите да го знаат