Претседателот на Парламентот Талат Џафери исто така чека да ја види иницијатива откако таа и формално ќе биде доставена до Собранието и до него, па да даде свое мислење.
Триесетина пратеници од СДСМ, НСДП, независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците, Алтернатива и ДПА се потпишани на иницијативата на пратеничката група на СДСМ за свикување седница на Собранието на која би се потврдиле двете одлуки на претседателот на државата за прогласување вонредна состојба во државата од по 30 дена поради пандемијата со Ковид-19.
Иницијативата ќе биде поддржана и од Беса. Оваа иницијатива на СДСМ нема поддршка од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, ниту од ДУИ, која, сепак, остава простор најнапред да ја види иницијативата па конечно да се изјасни.
Претседателот на Парламентот Талат Џафери исто така чека да ја види иницијатива откако таа и формално ќе биде доставена до Собранието и до него, па да даде свое мислење. Претходно во неколку наврати тој истакна дека самораспуштениот Парламент не може повторно да се состане.
Се уште не сум добил никаква иницијатива, а откако ќе ја добијам, ќе ја разгледам да видам што бараат па потоа ќе се произнесам како ќе постапам.
Ова е ставот на собранискиот спикер Талат Џафери на прашањето на ТВ21 како ќе одговори на ваквата иницијатива.
Од СДСМ потврдуваат дека собираат потписи за свикување седница на Собранието согласно Уставот, и таа иницијатива најдоцна до утре ќе ја достават до спикерот Џафери.
Тие се повикуваат на член 67 од Деловникот во кој се предвидува дека „претседателот на Собранието може да свика седница и по барање на претседателот на Републиката, Владата и најмалку 20 пратеници“.
Исто така и на член 63 став 4 од Уставот во кој се наведува – „мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба“.
Со своја реакција по сето ова се јави лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој на Фејсбук напиша:
Моментот кога Таљат Џафери, од село Форино (гостиварско), им држи лекции по право на изгубените социјалдемократи <3
ps Еднаш распуштено Собрание не може повторно да се состане!