рпскиот претседател Александар Вучиќ најави дека од утре се зголемува полицискиот час во Србија, па наместо од 20 до 5 часот, од утре ќе трае од 17 до 5 часот.
„Очигледно дека ние не можеме да бидеме дисциплинирани“, рече Вучиќ. Ваквиот предлог тој ќе го достави до Владата и, како што рече, таа ќе го усвои.
Ако има потреба и граѓаните не бидат послушни, српскиот претседател најави дека ќе има уште поголемо зголемување на полицискиот час, па единствениот период од денот кога ќе можат да се движат Србите надвор ќе биде од 7 до 13 часот.
Од понеделник, според најавите, Србија ќе го пренамени Белградскиот саем во привремена болница и во него ќе бидат наместени 3 000 кревети.
На прес-конференцијата тој соопшти дека бил забележан најтешкиот ден во Србија бидејќи само од утрово се регистрирани 22 нови заразени, со што вкупната бројка се искачила на 171.
Не ме терајте да воведеме полициски час 24 часа дневно. Видете што се случува во Италија! Таму денеска умреа 793 лица. Дали разбирате што се случува? Ве молам, не излегувајте од дома. Ако луѓето не останат во своите домови од понеделник полицискиот час може да почне од 13 часот, а после тоа и 24 часа – изјави Вучиќ на вечерашната прес-конференција.