Владата со нова мерка за сите оние што ќе сакат да ја напуштата државата

0

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција побара итна вонредна состојба поради корона вирусот, тој порача дека тоа ќе биде најдобро за справување со кризата.

Како што кажа Спасовски, најитно претседателот ќе мора да воведе вонредна состојба, особено откако е за очекување бројот на позитивни од корона вирусот да расте.

– Вонредната ситуација е сериозна ситуација пред која сме исправени. Ова е вонредна ситуација и е потребна вонредна состојба. Владата на РСМ нема ни најмалку дилема. Предлагаме воведување вонредна состојба на цела територија сега и веднаш. Мерките што досега се носеа дадоа резултати, но тие мерки мора да се заострат за да спречиме поголем пик на коронавирусот во кратко време.

Уверени сме дека со воведување вонредна состојба тоа ќе се спречи. Заканата од масовно ширење на вирусот бара радикални мерки. Владата ќе предложи на Собранието да прогласи вонредна состојба. Иако е распуштено, постои уставна одредба дека претседателот на РСМ може да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена.

Секој граѓанин кој ќе реши да излезе од државата, ќе мора да потпише изјава дека три месеци нема да може да се врати назад. Ова е заклучок донесен на денешната владина седница што го соопшти премиерот Оливер Спасовски.

Тој апелираше до граѓаните во овој момент да ги одложат патувањата и да не му пркосат на вирусот.

– Државата има капацитети, имаме планови за оваа ситуација. Мора да има разбирање од сите граѓани и мора да се знае дека тоа што се дава како мерка, мора да се почитува. Ова не е состојба во која некој ќе може да избира, истакна Спасовски.

Претходна статијаМицкоски со порака до Владата: Немојте да се натпреварувате кој повеќе прес-конференции ќе одржи
Следна статијаВо многу земји се воведени овие мерки – која е разликата меѓу вонредна и кризна состојба