Двајца нови пациенти се сместени во карантинското одделение во Штипската болница. На двајцата им е земен материјал за испитување на присуство на Ковид 19 и се чекаат резултатите од анализита:
„Тие се со препорака на епидемиолозите таква е процедурата се замат брисеви. Ние ги прифаќаме овде се носат брисевите на анализа и понатаму се чекаат резултатите“ изјави Ален Георгијев, дир. на Клиничка болница – Штип
Во меѓувреме, во останатиот дел од Болницата, работите се одвиваат нормално, но со намален интензитет, а сите состојби кои не се итни, се одлагата за подоцна:
„Се одложуваат сите хируршки операции односно само итните неодложни“ Да апелирам се она што може да почека од контроли, прегледи да почека“ изјави Ален Георгијев, дир. на Клиничка болница – Штип
„Ние сме тука специјализантите ги повлекуваме имаме доволно доктори пацинетите ќе бидат услужени“ изјави Марија Глигоровска, дир. на Здравствен дом – Делчево
Стравот, но и одговорноста го намали интензитетот на движење во општините од Источниот регион. Сите кафе барови, кладилници, обложувалници се затворени, интензитетот на движење низ улиците е намален но евидентни се редици пред маркетите и аптеките:
„Не, не чекам долго, нешто над пет минути. Тука сум да купам она што ми е потребно за денеска, немам намера да правам залихи дома“, изјави анкетиран граганин пред Маркет
„Чекањето не е проблем. Еве кратко сум тука пред влезната врата од маркетот. Сакам да купам леб и толку. Воопшто не размислувам да правам залихи. Оние кои тоа го прават, нешто не е во ред со нив“, изјави анкетиран граѓанин пред Маркет
Еден од анкетираните граѓани доби прашање да ги искоментира оние кои што прават залихи со храна, на што тој со гестикулација, но и краток одговор кажа: Шекната работа.
*Моментот од изјавата на видеото се наоаѓа на 2:00 минута.