(ВИДЕО) Оперскиот пејач Благој Нацоски од среде Италија емотивно се обрати до Претседателот на Македонија

0

Најафирмираниот Македонски оперски пејач, тенорот Благој Нацоски е роден и потекнува од Скопје. Пеењето започнал да го изучува со својата мајка Лидија Нацоска, а потоа се запишал во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на професорката Марија Николовска.

По завршувањето на средното образование, Нацоски заминал за Рим, каде својот глас го школувал со светски познатите уметници и педагози Мирела Паруто и Антонио Боаје.

Во 2003 година дипломирал на Конзерваториумот „Личинио Рефиче“ во Фрозиноне, Италија, а својата вокална техника ја усовршувал со Ана Ванди во Рим, потоа со специјалистот за Росиниевиот тенорски репертоар, Раул Хименез во Барселона и со Силвија Боса, во Фиренца.

Благој Нацоски настапил на сцената на Римската опера (Teatro dell’Opera di Roma), што всушност претставувало негово деби на оперската сцена. Притоа, тој ја исполнувал улогата на Артуро во операта „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, под диригентската палка на Маестро Даниел Орен и во режија на Греам Вик. Оттогаш, неговата кариера започнала брзо се шири низ целиот свет.

Тој денес живее во Милано, а за жал деновиве Милано е еден од центрите на најголемата светска криза од 1918 година наваму, го преживува Корона вирусот, со многу за разени и по чинати граѓани.

Оперскиот пејач од својот дом во Милано, јавно се обрати до Македонскиот претседател Пендаровски, Премиерот Спасовски, министерот за здравство Филипче и општо Македонскиот народ:

,,Драги мои сограѓани, не можам да поверувам дека сум приморан да направам едно вакво видео, но приморан сум од ситуацијата. Можеби не треба да се креваат паники, светот досега во своето постоење се соочил со многу вакви пандемии, но сите ние, вклучувајќи ме и мене, едноставно го потценивме овој вирус.

Јас се наоѓам во државата која е најпогодена во Европа и се чувствувам повикан да го дадам мојот придонес.

Прашање на момент е кога вирусот ќе завземе огромни размери во Македонија. Доколку тоа се случи, едноставно здравствениот систем ќе дојде пред колапс. Во болниците ќе нема повеќе места и докторите ќе дојдат во ситуација, како што се случи во Италија, да мораат да одлучуваат на кого ќе му помогнат, а на кого не.

Единствен начин да се спречи таквото сценарио е да се прогласи вонредна состојба, односно комплетна изолација на луѓето. Но веднаш! Ама во моментов веднаш! Не од понеделник, од утре, или од задутре.

Почитуван Претседателе Пендаровски, почитуван Премиере Спасовски, драг Венко Филипче. Многумина можеби ќе ви се смеат и ќе ве обвинуваат дека и наштетувате на економијата. Но не обрнувајте внимание на таквите коментари. Заштитете ги луѓето дури не е прекасно.

Драги мои Македонци, покажете свест и одговорност. Седете дома, не излегувајте по кафулиња! Почитувајте ги сите препораки за здравствено – хигиенски навики.

Јас сум во изолација дома и се чувствувам добро. Излегувам надвор само да го прошетам кучето и да набавам основни намирници. Сакам да ви напоменам дека имав близок контакт со вирусот, загубив мој многу драг пријател. Сфатете го најдобронамерно овој мој апел. Поздрав.”

Апел!

Драги мои Македонци СЕДЕТЕ ДОМА!!! …повеќе во видеото…#КоронаВирус #coronavirus #covid19 #stayhome #седисидома

Публикувахте от Blagoj Nacoski в Събота, 14 март 2020 г.

П.П.

Претходна статијаНајчевска бара одложување на изборите – во спротивно нејзината партија немало да учествува на истите
Следна статијаЕлизабета го победи Корона: Сакам на луѓето да им ги објаснам симптомите и што да очекуваат