Од денес Куманово за еден ден од 24 заразени го дуплираше бројот на заболени од корона откако денеска се потврдени уште 23 нови случаи и уште еден починат. Сега во Куманово има вкупно 47 заболени и двајца починати од корона вирусот и градот по број на заразени го „стигна“ Дебар.
Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:
Се задолжуваат стамбените домари (Вектор плус, Стамбен домар, Стамбен сервис, Проект 142) да вршат дезинфекција на стамбените згради за кои имаат договор за одржување секој ден и хигиената да ја држат на задоволително ниво, а пумпи за дезинфекција ќе добијат од Општински штаб за заштита и спасување
Се задолжува ЈП Пазаришта Куманово да ги отвори зелените градски пазари за потребите на граѓаните да можат да се снабдуваат со прехранбени стоки и земјоделски производи.
Денеска отворивме три пункта за дезинфекција на возилата
Денеска отворивме три пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во градот, утре следуваат уште три нови, а до крајот на неделата ќе има на сите влезови во градот.Благодарност до тимот од средно техничко училиште за произведената опрема, вработените во јавните претпријатија и тимовите на МВР за дежурствата на пунктовите.Апелирам до возачите да ги следат напатствијата и хоризонталната сигнализација за да се запази процесот на дезинфекција и да не дојде до оштетување на опремата.#ОстаниДома#СледиГиПрепораките
Публикувахте от Maksim Dimitrievski в Вторник, 31 март 2020 г.
Тоа да се одвива под посебен режим на работа во деновите вторник, четврток и недела со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Во тој период да се воведе задолжителна редарска служба. Купувачите да се контролираат и да носат заштитни маски, а продавачите ракавици и заштитни маски. Да се почитуваат препораките на Владата за држење минимум растојание од 2 метри помеѓу купувачите и продавачите и купувачите меѓусебе.
По завршување на работниот ден задолжително да се дезинфекцира целата површина на пазарот. Напомена: Градските пазари ќе се користат исклучиво за продажба на земјоделски производи и прехрамбени продукти.
Општински кризен штаб ја задолжува Општина Куманово да отвори шест пунктови за дезинфекција на возила и во најкус можен рок и дополнителни по потреба за целосно покривање на територија на Општина Куманово. Бараме од МВР да обезбеди асистенција на самите пунктови
Општински кризен штаб ја задолжува Општина Куманово да достави дополнителна количина на гориво по барање на ЈП Чистота и зеленило кое ќе се користи во постапка за дезинфекцирање
Препорака до МВР редовно да ги контролира банките, пошта и сите места каде се врши исплата на плати и пензии и да се почитува препораката за држење на растојание помеѓу граѓаните на најмалку 2 метри
Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово