(ВИДЕО) Милионерите најдоа засолниште: Тврдина среде море сега е најпосакувана дестинација

0

Тврдина од Викторијанскиот перјод “No man’s” направена е да ја штити Велика Британија од инвазија, а денес би можела да послужи за изолација за време на епидемија од корона вирус. Се наоѓа на еден километар и е покрај брег

Многу милионери фрлиле око на оваа тврдина, од кога скоро сите земји во светот тргнале во борба против оваа пандемија. До тврдината може да се дојде со брод или хелихоптер.

Некогаш била хотел со 4 ѕвезди, 23 посебни соби и пет тематски барови. Може да стане луксузен дом, откако сопственикот Мајк Клер поднел барање за промена и реновирање. Постојат три вакви тврдини во мореузор Солент кој го дели островот Вајт од Англија. “No man’s” се наоѓа на околу 1,6 километри од базата на Кралската морнарица Хантс во Портсмут.

Тврдините близу до брегот на југот на Англија би можеле да станат атрактивна дестинација за живеење, бидејќи сопственикот Мајк Клер минатиот септември одлучил да ги продаде. Тогаш се верувало дека тврдината “No man’s” и “Spitbank” заедно вределе околу 8 милиони фунти, но во сегашнава ситуација цената би можела да се промени.

Тврдината “No man’s” има светилник, ресторан и спа центар. Милионерот Мајк Клер барал од Советот на округот Вајт, дозвола тврдината да ја пренамени во единствен стамбен објект. Плановите на неговата компанија се однесуваат на концепциска промена на објектот, односно хотел кој ќе стане куќа со 15 соби на сред Солента.

Во време додека “No man’s” бил хотел можел да прими 200 гости, по цена 990 фунти за ноќевање. Туристите можеле да дојдат со брод или хелихоптер, а потоа би следела забава во баровите или опуштање во хидромасажа во када на кровот на хотелот. На површина од околу 9.200 квадратни метри се наоѓаат 23 соби за гости и персонал, светилник, кади со хирдомасажа, сауна и хелиодром Ваквите тврдини би можеле да бидат совршено место за карантин.

Милиони Британци се изолирани во своите домови поради корона вирус. Бројот на заразени во Британија ја надмина бројката од 2.600, а 111 лица се починати

Претходна статијаСпасовски сподели одлична вест за заглавените Македонци ширум Европа
Следна статијаМојот син е посвоен и да, да – јас сум неговата вистинска мајка