Мојот син е посвоен и да, да – јас сум неговата вистинска мајка

0

Во неговиот живот, на мојот син му многупати му е кажано нешто што на посвоените деца им се зборува отсекогаш – дека јас не сум негова вистинска мајка.

Еден ден кога одеше во прво одделение, плачеше целиот пат од училиште до дома откако го слушна тоа. Се обидував да не се нервирам премногу и се потсетував дека децата не се сурови намерно. Само не знаат подобро.

Да се праша некој што е посвоен за неговите „вистински“ родители или да се каже дека родителите што ги има не се „вистински“ можеби е едноставен начин за да се објасни посвојувањето, но не е точен. Родителите што посвоиле им се вистински родители на тие деца, како и да гледате на тоа.

Ние ги бакнуваме кога ќе се повредат, навиваме за нив на натпревари, договараме посети на лекар, им менуваме пелени, го чистиме повратеното и им даваме прегратки почесто отколку што тие сакаат. Тоа се сите оние работи што ги прават „вистинските“ родители, а тие деца се 100 проценти наши.

Во повеќето ситуации посвоените деца ги слушаат таквите коментари од други деца. Мојот син тоа го слушнал од сосед, децата на училиште, па дури и од своите роднини.

А бидејќи децата обично го повторуваат она што ќе го слушнат или ќе им се каже, секој родител треба да ги научи своите деца дека само затоа што некое дете не дошло од стомакот на својата мајка тоа не значи дека детето е помалку нејзино. Различни се начините на кои се формираат семејствата, а ниту едно не вреди повеќе од некое друго.

Многу посвоени деца се веќе несигурни во својот статус во домот. Некои, како мојот син, се посвоени од системот на згрижувачки семејства, па се дополнително чувствителни на семејната динамика. Мојот син секогаш мислеше дека ќе го оставам или вратам, па особено тешко му падна кога слушна дека јас не сум неговата „вистинска“ мајка. Сега кога има 14 години може тоа да го опише како помала непријатност, но се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да мора да го чуе.

Посвојувањето едноставно значи дека детето има повеќе од еден пар родители и дека сите родители се ВИСТИНСКИ. Јас не го родив својот син, но јас сум неговата мајка. Јас сум вистинска.

Фото: Илустрација

Претходна статија(ВИДЕО) Милионерите најдоа засолниште: Тврдина среде море сега е најпосакувана дестинација
Следна статијаД-р Даниловски: ,,Снежната топка” почна да се тркала – се надевам не е предоцна да се успори