Министерот за здравство, Венко Филипче утрово по пат на соцојалните мрежи репортираше за најновата ситуација со Корона вирусот, притоа сподели убава вест откако првата заразена си заминува дома.
Првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, нејзините тестови се негативни на коронавирирусот и таа добро се чувствува.
Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.
Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар.
За потсетување, Филипче вчера кажа дека во државата има околу 120 респиратори, најголемиот број – близу 90 се во Скопје. На денешниот координативен состанок со директорите на Клиниките донесовме неколку одлуки. Прво, целиот здравствен персонал во сите јавно-здравствени установи и приватни болници го мобилизираме и ставаме на располагање согласно нашиот оперативен план за делување, доколку е потребно да работат во здравствена установа каде што ќе биде потребно.
Сакам да изразам благодарност до приватните болници коишто уште во текот на минатата недела целосните капацитети ги ставија на располагање, вклучително и близу 70 интензивни легла, со респираторни машини за оваа патологија. Клиниките нема да ги одржуваат своите редовни утрински стручни колегиуми, со цел да се намали контактот помеѓу колегите, ќе се координираат телефонски, така ќе се извршува и оперативниот програм со координација помеѓу вработените и под раководство на директорот.
Се одложуваат сите хронични пациенти, оние на кои интервенцијата може да се одложи. Се третираат само итните и малигните случаи кај коишто исто така нема простор за одложување.
Назначен е координатор на службата за инфективни болести во Дебар. Тоа е професор од Инфективната клиника којшто во следниот час ќе се упати и ќе престојува таму , ќе ја организира работата со пациентите коишто сега ги имаме, а тоа се петте коишто се вчера дијагностицирани. Координаторот на службата исто така ќе ја организира и активноста околу новите тестирања, новиот план – координација за работа на докторите коишто се веќе таму, а тоа се епидемиологот и двајцата инфектолози од Дебар.