Србинка од Кина дава упатство за дезинфекција на домот за одбрана од корона вирусот

0

Србинката Јована Радовиќ е жител на Кина веќе подолг период, а епидемијата на коронавирусот ја затекна таму. Долго време била во карантин, како и голем број Кинези, па на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук го пренсе своето мислење, како и своето искуство.

Таа дава навистина корисни совети, кои населението во Кина ги добило како инструкции од надлежните на институциите во Пекинг.

Со оглед на тоа колку нагло падна епидемијата во Кина, можеме да заклучиме дека драстичните мерки кои ги презедоа кинеските власти на крајот вродија со плод.

Советите на Јована треба сите да ги прочитаме и да ги примениме. Таа дава пет корисни совети кои можат да нè заштитат.

-Дезинфицирајте ги обувките, а за тоа ви е се потребни хлор и вода. Растворот ставете го во шише со распрскувач и после секое излегување надвор, пред да влезете дома испрскајте ги чевлите со овој раствор.

-Јакните кои ги носите надвор задолжително оставете ги на тераса, надвор, а кога ќе влезете дома испрскајте се со алкохол. Алиштата можете да ги перете во нормална машина, ама на подолг програм, никако на краток.

-Носете маски кои се ставаат преку устата и носот и никако не си го допирајте лицето со раце. Пред да влезете дома, потребно е целите да се испрскате со алкохол. Потоа дезинфицирајте ја облеката, а потоа измијте ги убаво рацете, но исто така, мора да ги дезинфицирате и клучевите и мобилниот ако сте го допирале.

-Овошјето и зеленчукот што ќе ги купите од продавница или пазар, задолжително чувајте ги во раствор од сода бикарбона и оцет, зошто некој можеби врз нив се искашлал или ги допрел со контаминирани раце. Истото важи за сè што ќе купите, пребришете со алкохол или дезифициенс.

Претходна статијаНе е ни кашлање ни кивање – ова е најчестиот начин на зараза со Корона вирус
Следна статијаПендаровски прогласи вонредна состојба – соопшти и што со оние кои ќе се вратат од дијаспората