Сведочеше сопругот на Марина Туцаковиќ и откри зошто му давал пари на Боки 13

0

На денешното судење за Рекет на предлог на одбраната ќе сведочи Александар Радуловиќ, сопруг на Марина Туцаковиќ.

На минатото рочиште, возачот на Боки 13 во своето сведочење рече дека на едно патување во Белград, Јовановски добил коверт со пари од Радуловиќ по што патувањето го продолжиле кон Милано.

На почеток од денешната расправа, судијата Васка Николовска Масевска рече дека повеќе нема да дозволи меѓусебни дофрлања меѓу обвинетите и обвинителката што била честа пракса на досегашните судења.

Во Кривичниот суд продолжи судскиот процес за високопрофилниот случај “Рекет”. Во судница сведочи Александар Радуловиќ, сопруг на познатата писателка Марина Туцаковиќ.

Радуловиќ рече дека во изминатите две години му давал пари на Бојан Јовановски и бил дел од финансоерите на 1ТВ.

Сведокот рече дека со Бојан Јовановски не е скаран, туку дека се добри пријатели со него и неговото семејство.

Радуловиќ додаде дека го знае Бојан Јовановски од 11 години и дека за него има неколку издадени музички нумери, чии текстови ги пишувала Марина Туцаковиќ.

Претходна статијаВучиќ: Србија нема да биде паркинг за мигранти – границата со Македонија ќе ја затвориме херметички
Следна статијаНишто од свадба на македонската водителка, момчето вели: Ни јас не сум знаел дека ќе се женам