Проговори докторот Арбен од Дебар кој доби Корона и упати апел до сите наши граѓани

0

Последно потврдените случаи од Дебар се вработените во приватна педијатриска ординација.Докторот Арбен Аголи кој добил позитивен тест, но вели откако сами инсистирале да бидат проверени.И денеска ниту тој ниту неговите колеги немаат симптоми карактеристични на вирусот.

Дебарскиот доктор Арбен Аголи, кој е заразен со коронавирус, се обрати на ТВ21 вечерва со линковско вклучување. Тој рече дека немал никакви симптоми, и дека се тестирал поради тоа што бил во контакт со лица заразени од коронавирусот, кои биле кај него на преглед.

Тој упати апел до сите граѓани на земјата.

Упатувам апел за сите по било која основа имале контакт со заболено лице, да се јават во Институтот за јавно здравје, да се проверат. Ако се позитивни, да се изолираат и со тоа ќе придонесат други лица да не се инфицираат, рече Аголи.

Рече дека луѓе од цела Македонија му се јавиле да му дадат поддршка, за што Аголи јавно им се заблагодари.

Анифе и Валмир Леши од Дебар се млад брачен пар, родители на две деца, десетгодишна ќерка и осумгодишен син. Во градот речиси нема кој не ги знае. Таа повеќе од 13 години работи како медицинска сестра, а пак тој е познат како автор на многу популарни текстови на албански песни, вработен во јавното комунално претпријатие, одговорен за одржување и хлорирање на водата за пиење, и хонорарно вработен во локална телевизија.

Но, од вчера семејството Леши се најде во центарот на вниманието поради актуелниот корона вирус, откако беше потврдена информацијата дека двајца лекари и две медицински сестри од Дебар се позитивни на актуелниот вирус. Анифе (34) е една од заразените сестри, а семејството со цел да ја подигне јавната свест, реши да излезе во јавност со сите детали.

-Најлошо од се е да се криете од ова! Впрочем, со криење може сериозно да станете ,,можен убиец, криминалец”, па затоа повикувам луѓето да не се срамат, да кажуваат и со тоа да помогнат за што е можно побрзо закрепнување од оваа модерна чума – за ,,Фокус” раскажува Валмир, кој дозволи да ги објавиме фотографиите од неговото семејство, со цел да ја пренесе пораката дека да се биде позитивен на вирусот не треба да биде табу тема или пак нешто од кое заболените треба да се срамат и да го кријат.

Претходна статијаМакедонецот Кико кој е во Перу открива каква е состојбата таму поради Корона
Следна статијаЈоци: Дојде времето да се враќаат кредитите за ѓубрето Скопје 2014