Приватната болница со голем потег: Ги отстапува своите респиратори на граѓаните на Македонија

0

Деновиве голема фама се крена околу тоа со колку респираторни машини располага нашата држава, поточно клиниката за Инфективни болести.

Денес Министерот Венко Филипче кажа дека тоа во моментов не е проблем. Притоа потенцираше дека на клиниката има 8 вакви машини. Но на други две клиник има многу повеќе во двете одделенија на Интензивна нега на Клиниката за анестезија и над 20 на Клиниката за неврохирургија.

Притоа се очекува да пристигнат во текот на следната недела нови 50 вакви машини.

„ Респираторни машини има и тие не се проблем во моментов. Најважно е да се стави рампа на шарење на вирусот, затоа се и овие мерки. Мора да дадеме нотификација од 48 часа за авиокомпаниите и со оваа одлука се смета за затворен аеродромот”, посочи министерот Филипче.

Во меѓувреме од приватната болница „Аџибадем систина“ се понудија за помош и ги ставија на располагање 27 респиратори доколку бидат потребни.

27 РЕСПИРАТОРИ ОД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Почитувани, Во услови на…

Публикувахте от Acibadem Sistina Hospital в Събота, 14 март 2020 г.

Почитувани,Во услови на алертна состојба со вирусот Ковид-19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на Македонија, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство. На располагање се ставаат и сите слободни апарати за механичка вентилација односно респиратори.

Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни.

Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид 19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу Вас. Нашата грижа за Вашето здравје продолжува.

Претходна статијаАко се заразите со коронавирус, може да ве категоризираат во 4 групи, а еве што се случува со белите дробови
Следна статијаОд вечерва полициски час во пет места во Македонија: Познати и причините