Бенедикт Хеведес е германски фудбалер кој игра за Локомотив Москва, а во минатото со успех го носеше дресот на Јувентус и Шалке. Според него, официјална Москава го крие бројот на заболени од Корона, но и не превзема соодветни мерки:
„Во Русија, според официјалните податоци, досега се знае за 114 случаи на заразени лица од коронавирус. Тоа е, како што кажа Путин, поврзано со сериозните мерки во региоините, а исто е во сите земји во првите недели од глобалната распространетост на вирусот.
„Што се случува во градовите во Русија? Сè е како обично, кафулињата полни, метрото полно, дури и улиците. Вирусот сега постепено ќе се распространува. Официјално.
Најмногу се чудев од мечот во Ростов минатата недела. Стадионот беше полн. Сега првенството е прекинато до 10 април, но тренинзите продолжуваат. Безумно“.
Дури и оној кој не блеска со памет, сфаќа дека бројот на нерегистрирани случаи (зарази) треба да е далеку поголем. Дури оваа недела ги затворија сите граници најмалку на две месеци“, пишува Хеведес во колумната објавена на 18 март.