Поучна приказна: Како снаодливата жена се справила со неверниот маж

0

На почетокот сè било одлично и таа верувала дека конечно ја пронашла љубовта на својот живот. Тој бил љубезен, ги симнувал сите ѕвезди од небото, не ги заборавал поважните датуми.

За неа секогаш имал топла насмевка, секогаш знаел што треба да каже во вистинскиот момент. Ја опсипувал со цвеќе и ситници како знак за внимание.

Ваквото однесување продолжило уште некое време во бракот, а потоа одеднаш тој се променил. Штом бил апсолутно сигурен дека нејзиното срце му припаѓа само нему, тој побрзал да си побара нов плен.

Жената била збунета и тажна, долго време се прашувала каде погрешила и зошто одеднаш нејзиниот маж се претворил во незадоволен човек кој постојано ја навредувал.

Неподносливата атмосфера траела подолго време, а чашата се прелила кога таа дознала дека нејзиниот маж има афера со друга жена.

Веднаш побарала развод и за чудо, веднаш добила согласност. Меѓутоа, за да ја добие повторно слободата, мажот ја условил да се откаже од куќата и сè да му остави од она што го стекнале во бракот.

Првиот ден после разводот, жената го поминала пакувајќи ги сите свои работи во кутии, сандаци и куфери. Ги пакувала само нејзините лични работи, кои според договорот смеела да ги задржи, а ги оставила сите заеднички купени работи.

Вториот ден ги викнала работниците од агенцијата за селидба кои ги пренеле нејзините работи и ги транспортирале до новата локација.

Третиот ден седнала на прекрасната маса за ручање, за последен пат. Кога завршила со јадење, поминала низ сите соби и ставила по неколку лушпи од шкампи премачкани со кавијар, во внатрешноста од секоја корниза за завеси (оние шупливите, алуминиумски цевки) и си заминала.

Веднаш потоа, нејзиниот бивши маж пристигнал со својата нова љубовница. Сè било перфектно прекриено, мирисало на чисто и пријатно.

Подоцна, малку по малку, куќата започнала да смрди. Тие двајцата што сè не направиле: чистеле, переле, ја проветрувале куќата. Секој вентилациски отвор бил проверен да не случајно пронајдат некое животинче што се распаѓа. Теписите неколкупати ги испрале со пареа и средства за дезинфекција.

Дезодоранси биле поставени на сите места во куќата. Агенцијата за дератизација поставила гас во сите водоводни инсталации на неколку денови, а за тоа време парот морало да ја напушти куќата.

Покрај тоа, одлучиле да ги сменат теписите дома, па скапо ги чинело поставувањето на новиот волнен тепих во салонот.

Ништо не помогнало. Луѓето престанале да доаѓаат да ги посетуваат. Работниците од агенцијата за поправки и одржување ги отакажле сите понатамошни работи кои биле закажани за реновирање и поправки на куќата.

Домашната помошничка си дала отказ. Конечно, не можејќи веќе да ја поднесат смрдеата, одлучиле да се преселат. После еден месец, ја намалиле вредноста на куќата за 50%, но сè уште не можеле да најдат купувач за “Смрдливата куќа”.

Дури, веста толку многу се проширила, што веќе ни самите претставници на агенциите за недвижности во дотичното место, повеќе не одговарале на телефонските повици. На крај морале да подигнат голем кредит од банката, за да купат нова куќа. Бившата сопруга му се јавила на мажот да го праша како е. Тој и се пожалил дека има маки со куќата и дека не може да ја продаде.

Таа трпеливо го сослушала и му рекла дека чувствува носталгија кон бившата куќа и дека е подготвена да ја купи доколку цената не е премногу висока.

Сфаќајќи дека бившата сопруга нема поим за одвратниот мирис на куќата, тој веднаш се сложил со цената која изнесувала 1/10 од вистинската вредност на куќата. Но, под услов да потпишат договор уште истиот ден, зошто тој се плашел дека таа во меѓувреме би можела да ја дознае вистината.

Жената се согласила и за помалку од еден час, неговите адвокати и ги врачиле документите за потпис. Една седмица подоцна, човекот и неговата љубовница со победоносни насмевки на лицето ги посматрале работниците како ги пакуваат нивните работи за да ги преселат во нивната нова куќа… Вклучително и корнизите за завеси….

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаЛенче Ристевска од поранешното СЈО: Ќе докажеме дека Груевски и соработниците незаконски ја финансирале партијата
Следна статијаПристигна одговорот: Познато зошто поскапеа заштитните маски во аптеките