Полицијата приведе лице во Гостивар поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

0

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека е приведен маж од Гостивар поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Вчера (17.03.2020) околу 20.50 часот, во гостиварски Добридол, полициски службеници на СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот В.Џ.

Затоа што при контрола спроведена во содејство со Државен пазарен инспекторат во неговата кафетерија (интернет кафе) во ова село биле затекнати 12 гости, со што постапил спротивно на владината одлука и мерките и препораките за заштита од вирусот Ковид-19 и сторил кривично дело„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 од Кривичниот законик.

В.Џ. е задржан во Полициска станица Гостивар и во текот на денот со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

о 2.500 евра е казнед жител на Росоман, кој на влезот во државата одбил да потпише изјава за самоизолација, иако доаѓал од Германија. Пресудата ја донесе Основниот суд Кавадарци.

Инаку, предлогот за издавање казнен налог беше против едно лице обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19. Имено, тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација.

Притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство. На 17 март во 13:00 часот, кога од страна на униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци е направена контрола во неговиот дом во с. Дебриште, Росоман, обвинетиот не бил затекнат во домот и телефонски изјавил дека е на истовар на роба во Струмица.

Јавниот обвинител, согласно Законот за кривичната постапка, му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби“, соопштија денеска од Обвинителството.

Претходна статијаЦаровска предлага: Воведете уште една, да се работи во четири смени
Следна статијаПотег кој треба да го следат сите во Владата: Македонска Министерка се откажа од платата