Техничкиот министер на Министерството за внатрешни работи,Наќе Чулев информираше дека во текот на изминатата ноќ за време на полицискиот час уапсила 18 лица за прекршување на полицискиот час.
Дури 74 лица на територијата на земјава добиле опомена поради непочитување на препораките и мерките.
Нема ниту еден уапсен од Скопје, а најмногу се од Кочани, дури шест лица. Пет лица се од Тетово и околината, две од Гостивар, две од Куманово, две од Радовиш, и едно лице од Штип.
Приведени лица за време на полицискиот час од 21 до 6 часот утринава, имало и во Гостивар и Виница.
Сите приведени агресивно се однесувале по полициското укажување дека треба да одат кон своите домови. Сите добија кривични пријави.
До сега МВР поднесе девет кривични пријави поднесени по член 206 од Кривичниот закон.Се работи на поднесување кривични пријави за останатите сторители.