Падна одлука: Полициски час на територија на цела Македонија

0

Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот. Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час).

Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата.

Веќе не е исто, животот радикално се промени, како кај нас така и во светот. Бара радикално менување и на нас и затоа ја донесуваме оваа мерка.

Итна медицинска помош, лица на дијализа исклучиво на придружва на две лица. Доколку возилот биде запрено од полција ќе се евидентира дополнително и ќе мора да има медицинска документација.

Директорите на јавно здравствените установи ќе изготват список на вработени лица за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење вон лимитираното време и ќе го дистрибуираат до Министерството за внатрешни работи или друго Министерство/установа, со цел изготвување на специјални пропусници/легитимации за лицата кои ќе можат да се движан вон рестриктивните часови.

Со тоа Министерството за внатрешни работи да има комплетен увид за временскиот период кога овие лица ќе се движат.

Да се ограничи бројот на дежурни аптеки на територијата на градовите и да се назначат од Министерството за здравство или Агенцијата за лекови-МАЛМЕД или Фондот за здравствено осигурување, одреден број на аптеки кои ќе дежураат во рестриктивниот период, а во исто време да бидат локациски поврзани со дежурните здравствени институции.
Се забранува движење на возила од јавен превоз од 21:30 до 06:00 часот.

Претходна статијаПратеникот од СДСМ: Имам три сина, ако вие ми ги храните ќе се откажам од платата
Следна статијаВо Србија пристига помош од сите страни: Вучиќ вети поддршка за соседните држави