Владата на денешната 13-та седница го разгледа извештајот на Управувачкиот комитет за координација и справување во системот за управување со кризи за состојбата со мигрантската криза и донесе повеќе заклучоци кои тргнуваат од фактот дека земјава веќе има воспоставен систем за управување со мигрантската криза.
Мигрантите често пати влегуваат илегално на македонска територија. А, овие планини никој не ги знае подобро од овчарот, Ристо Трајанов.
Неговата штала е неколку метри од границата. Тој тврди дека пред неколку дена, мигранти преноќиле во неговата штала. Тврди ека мигрантите не предизвикале никаква штета во селото. Според него, мигрантите се внимателни, бараат само вода и продолжуваат по својот пат.
Жителите на село Миравци, најблиското село до грчката границата, забележале облека по планините и велат дека тие можеби се од мигрантите.
„Ништо не чепнале, најверојатно имале некој зор, веројатно џипот поминал близу, па само гледале да влезат да не ги виде. Кафе, шеќер, за јадење се има, но ништо немат фатено“, вели Ристо за ТВ 21
Во градот Гевгелија има заселени полициски сили, но се вршат контроли и во селата. Освен полицијата на Северна Македонија ние забележавме и полицајци од земјите членки на ЕУ.
„Додека Грција се обидува да ги запре мигрантите во турската граница, ситуацијата во Северна Македонија е мирна. Нема нови мигранти, а има многу полицајци од ЕУ кои ја следат одблиску ситуацијата“, истакнува репортерот на ТВ21.
Од Кампот на мигранти во Гевгелија, велат дека моментално имаат само двајца мигранти, маж и едногодишно дете. Мајката на детето се наоѓа во кампот во Табановце и чека да се обедини со семејството и потоа заедно да се вратат во Грција.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 21.