Ова е мојот список на намирници што си ги купив ако ме стават во карантин

0

Пишува Ричи Кроули, спортист, велосипедист од Америка. Вака би изгледал неговиот список со здрави намирници доколку се зарази од корона вирусот и доколку мора да биде во карантин од еден месец.

“Се чини дека дојде време кога пандемијата чукна и на нашата врата, па реално, големи се шансите секој од нас да се зарази од оваа болест. Затоа, треба сите да бидеме подготвени, ако досега не сме се подготвиле.

Па, како изгледа подготовката? Една силно препорачана мерка е да си обезбедиме храна и да ги предвидиме евентуалните недостатоци од истата.

Според мене, тоа значи дека време е да го направам списокот на здрави намирници. Размислувајќи во таа насока, започнав да истражувам која е најчестата храна која се складира во залиха за опстанок во итни случаи. Морам да бидам искрен, повеќето од набројаните намирници се нездрава храна.

Ако сакаме да се заштитиме од коронавирусот, со оглед на тоа што нема лек и мора да се потпреме на нашиот имунитет, тогаш мора да го заштитиме нашето здравје и мудро да ги одбереме намирниците. Зошто свесно би си го влошувале здравјето со лоша исхрана?

Овој список што го адаптирав е базиран според она што го јадам како професионален спортист и што ме одржа како велосипедист, да ја издржам трката од 3905 милји низ САД во 2019 година.

Ги разгледав намирниците од полиците и ги поделив на суви производи, расипливи производи и потреби за домаќинството.

Листа на намирници во случај на пандемија и карантин: Грав, ориз, киноа, леќа, јаткасти плодови (ореви, лешници, бадеми, кикирики, фстаци, семки од сончоглед и тиква, чиа семе..), путер од кикирики. *Списокот би можел да се прошири и на намирници кои се конзервирани во тегла, како кисели краставички, маринирани мешунки, пиперки, туршија и слично.

Намирници кои би можел да ги замрзнам: леб, бобинки, банани, брокула, авокадо, моркови, карфиол, грашок и други намирници на кои ќе наидам во продавницата.

Потоа, сигурно на моите полици ќе се најдат конзерви со овошје (конзервирано овошје), тестенини, крекери, сушено и кандирано овошје, чај, кафе, масла, сосови, овесни снегулки, пуканки, здрави чипсови. Од маслата планирам да си обезбедам доволно маслиново масло, кокосово масло, масло од сусам.

Не се оставам ниту без мед, јаворов сируп, јаболкова киселина, балсамико, лут сос, сос за тестенини, чили паста, тамари, соја сос, тахини.

Секако, не смееме да ги заборавиме зачините: сол, црн пипер, цимет, куркума, црвен пипер, лук, рузмарин и останато.

Ова се намирници кои можете да си ги купите уште денес и да ги складирате во оставата или “чајната кујна”.

Сигурно забележавте дека во мојот список недостига: брашно, млеко во прав, јајца во прав или бонбони. Не ги ставив од едноставна причина, бидејќи сметам дека не се здрави.

Исто така би си купил и свежи намирници кои би можеле да ми потрајат некое време. Ова е списокот со расипливи намирници: јаболка, портокали, бобинки, авокадо, банани, салати, лук, кромид, ѓумбир, лимон, печурки, слатки компири, обични компири, моркови…

Повеќето од овие намирници немаат подолг рок од две седмици, но утешително е што ќе имате свежа храна барем првите неколку седмици од било каквата изолација.

Дополнително, компирите и кромидот на пример, можат да бидат свежи и подолго време, а авокадото можете да купите незрело, па постепено да го зреете. Бананите, бобинките и другите овошни плодови би можеле и да ги замрзнете.

Не смеат да се заборават и средствата за лична хигиена и за домаќинството, па еве го мојот избор: тоалетна хартија, паста за заби, забен конец, течност за плакнење на устата, средства за миење садови, сапун за раце, кеси за замрзнување, хигиенски влошки, храна за миленичиња и слично.

Ако имате остава или чајна кујна, тоа би било супер. Одржувајте ја чистотата и прегледувајте ги роковите на намирниците. Доколку немате ваков простор за чување на храната, тогаш намирниците чувајте ги на суво место подалеку од сончева светлина.

Се надевам дека овој список ќе ви послужи корисно за намалување на анксиозноста, а не за дигање паника. Списокот го подготвив во случај на принудна изолација, да бидете подготвени и со намален стрес.

Претходна статија(ВИДЕО) Цел свет му се смее на бугарскиот премиер Бојко Борисов по она што го направи
Следна статијаНишто од окрупнување на десницата Љубчо и Љубе влегоjа во коалиција со Заев (ВИДЕО)