Најголем број на новозаболени за еден ден во Македонија: Расте бројот и на починати

0

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово- 23, Скопје – 11, Тетово – 4, Битола- 3, Струга – 2 и Прилеп – 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

• Скопје- 175

• Дебар – 47

• Куманово – 47

• Штип- 14

• Тетово – 10

• Прилеп – 10

• Струга – 7

• Велес – 6

• Битола – 4

• Охрид – 3

• Кавадарци – 2

• Гостивар – 1

• Крива Паланка – 1

• Струмица – 1

• Гевгелија – 1

Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.

Претходна статијаЈанушев: Груевски е вашата поезија, но со Мицкоски почнува вашата драма, од денес
Следна статијаСашо Тасевски: Кого го возите бе? Кога сте влегле последен пат у маркет