Сашо Тасевски: Кого го возите бе? Кога сте влегле последен пат у маркет

0

Статус на Сашо Тасевски:

Големите мудреци од СДСМ, пред да одлучат денес во владата, дали ќе ги симнат платите на 14500, би сакал да дојдат пред Тинекс, да учествуваат во една показна вежба.

Ќе им дадам 14500 денари, од нив ќе им земам 10000 за да им платам сметки за март и ќе им речам: Ви останаа 4500 денари, ај во Тинекс и купете храна за цел месец, ама пази, тоа што ќе го купите тоа ви е за цела фамилија, цел месец. Тоа ќе го јадете. До кога ви стигне до тогаш, после ќе гладувате.

Море сметките од џеб ќе им ги платам, да не се трошат. Нека купат храна за сите 14500 денари. Да видат дали и тогаш ќе им стигне храната за три недели. За три недели, не за цел месец.

Може така? Оти нема друг начин да сфатите колку сте брутални и без осет. Потрошувачката кошничка е 32 илјади денари, вие кратите плати на 14500 и тоа со урамниловка.

Кого го возите бе? Кога сте влегле последен пат у маркет. Србија дава 100 евра месечно за секој полнолетен граѓанин. За секој.

Словенија покачи плати. Покачи пензии сразмерно. На оние со најмала пензија од 500 евра им дава плус триста. Грција исто. Не земаат од народот, туку му даваат во време на криза.

Ама ако. Како да ви кажам. На почеток кога излеговте со глупиот предлог, само десетина луѓе јавно се побунивме. Останатите го лапнаа мамецот за ѓоамити да се покажело солидарност.

Сега малку почнаа да ја сфаќаат измамата, ама не се уште баш сигурни дека се превеслани.

Такашто со таков народ, терајте, искрено ви велам. Не 14500, платата скратете ја на 8000. Леб да не можат да си купат, ко ќе ги платат сметките.

ТОГАШ МОЖЕ ЌЕ ИМ ДОЈДЕ УМОТ ОД ГАЗОТ ВО ГЛАВАТА.

Претходна статијаНајголем број на новозаболени за еден ден во Македонија: Расте бројот и на починати
Следна статијаДобра вест од Германија: Корона вирус не се задржува во воздух, ниту на овошје и зеленчук