Миа Костова: Пендерци само за вас

0

Статус на поранешната водителка Миа Костова:

не, види, убаво е да купите све што има по аптеки, напуните када и легнете у средства за дезинфекција и после излезете малце на кафенце у дебар маало, пошо шо има везе.

А бе море дегенерици, не е муабетот дали ќе преживееме. Еве ќе преживееме. Ние помладите и здравите сигурно. А бе систем ќе падне, нема да можете до Дојран бензин да си платите летово, ќе јадете тоалет намачкан со гел за раце, две мозочни келии да се немало.

Ќе седите дома под присила после 3 месеца ама да се дотерате у дневна со цвикери, со кожњак, со све и лажички пластични да мотате низ уста, пошо апстиненција од кафепиење е многу зезната ствар.

Пендерци само за вас. Како ќе излезете од влез така по глаа и на клоци назад, за газ да се држите! И мајките со децата у колички расклацкани на љуљашки шо на Водно што по паркови така малце за коса да се протресат!

Немало да умрат они… Се извинувам ама бар коронава по глупоќа да бираше, ќе се спасевме од епидемијава за која никој не прогласува ванредно стање. И не, не е паника, внимание е, за да нема паника!

Деновиве главна тема во сите медиуми е корона вирусот поради кој е загрижен целиот свет. Корона ја „здрма“ и македонската јавност, па многумина паничат да не се прошири во Македонија.

не, види, убаво е да купите све што има по аптеки, напуните када и легнете у средства за дезинфекција и после излезете…

Публикувахте от Миа Костова в Събота, 14 март 2020 г.

Македонската водителка Миа Костова ја искористи својата популарност преку социјалните мрежи да апилира до сите граѓани да не се крева паника.

Ако нешто ме вади од кожа кога е во прашање Скопје, Македонија тоа е дефинитивно кревањето на паника, некогаш основано поради превентива, некогаш апсолутно неосновано. Ќе се потсетам само на морбилите кои што беа сериозна закана за човештовото и граѓаните во Македонија пред само неколку месеци.

Фала богу сите останавме здрави и живи. Деновиве и те како бучи корона вирус. Јас ќе ве замолам да направите „swipe up“ и да не го пропуштите линкот, да се едуцирате, да не кревате паника и да миете раце“, изјави таа објавувајќи линк со повеќе детали од корона вирусот.

Претходна статијаИталија денес пријави плус 3.5 илјади заразени – мора да се превземат поостри мерки кај нас
Следна статијаСе огласија експертите од цел свет со нивни истражувања: Дали летото ќе нè спаси од коронавирусот?