Корона вирусот ширум Европа влева се повеќе страв сооглед на тоа што се шири со голема брзина и од ден на ден бројот на заразени се повеќе и повеќе се зголемува. Ситуацијата е иста и во нашата држава каде секој ден бележиме се повеќе нови случаи.
Голем број Македонци се вратија од државите со висок ризик, а токму тие го донесоа вирусот во нашата држав. Во меѓувреме се затвораат границите и аеродромите за да се спречи ширењето.
До редакцијата на „Галама“ пристигнаа две пораки од наши граѓани кои живеат и работата во Германија, односно Шведска. Сакаат да останат анонимни но притоа замолија да ги пренесеме нивните пораки.
„Не се почитуваат никакви мерки против Корона вирусот. Никаква заштита, никакви права работни. Економијата им е поважна за разлика од здравјето на луѓето. Веќе 2 месеци нема средства за дезинфекција во аптеките, а исто така има недостиг и на лекови. Иако се шири со голема брзина вирусот, тие на сето тоа гледаат како мајта. Еве утре од 5 часот наутро па до 5 навечер, поточно 12 часа сум на работа“, вели наш Македонец од Германија.
„Во Шведска воопшто мува не ги лазе, ептен е точна онаа народната – „Ладен како Шведа“. Училиштата не ги затвараат, а исто така ниту границите“, изјави Македонец од Шведска.
Директорот на германскиот епидемиолошки институт „Роберт Кох“, Лотар Вилер вели дека не ја исклучува можноста пандемијата на коронавирус да трае и до две години.
„Пандемијата може да трае две години, а во екстремен случај, исто толку долго би можеле да важат и мерките за граѓаните“, рече директорот на конференција за медиуми.
Сепак, тој додаде дека ситуацијата мора да се преиспита за да се донесат релевантни заклучоци.
Институтот „Роберт Кох“, на кој се потпира германската федерална влада кога ги носи мерките за заштита, денеска процени дека нивото за опасност по граѓаните е „високо“, што е само едно ниво под најалармантното ниво на опасност. Досега, степенот на ризик по луѓето беше оценуван како „умерен“.