“…Ништо во политиката, особено на САД, не е случајно и спонтано. Во таа математика Европската унија е загубена гуска во маглата, една од целите да ја плати економската штета на САД од епидемијата. Оној кој верува дека ваквата Европска унија, после ова, има иднина – тој се клади на болен коњ.
Европа нема војска ако се случи воен предизвик, ниту има јасен државен систем и пари за борба против епидемијава, ниту пак има решенија на кои некоја членка им верува повеќе отколку на себе. Корона вирусот ја фрли Европската унија во тешка треска со неизвесен крај.
Европската унија, во кризава, е само пирамида за огромна бирократија со високи плати која нема ни грам одговорност ниту иницијатива. Само фондови за аванта и пазар за евтини работници од Бугарија, Полска или Романија… и ништо друго.
И, баксузи какви што сме, ние баш во ова време на трезнење очекуваме почеток на преговори со таа, и таква, Европска унија во распад. Ако преживее, ЕУ ќе се сведе на 12-те богати држави а останатите ќе волонтираат како сателити за евтина работна сила и европски извоз без исти права со привилегираните, што е германски модел на европската иднина. Од ЕУ ние фајде нема да видиме. Се надевавме дека од Брисел ќе воведат правна држава, а го видовме спротивното. Нивното СЈО е распуштено и во затвор, а миленикот Заев за дави во корупција.
Тоа што од Брисел најавија дека ќе не помогнат со 66 милиони евра во епидемијава е обично политиканство, тие пари нема да дојдат. Да ве потсетам дека не натераа да примиме 500.000 мигранти и најавија 57 милиони евра помош кои никогаш не ги видовме. Ги изеде бриселската бирократија…”
Целата колумна на Драган Павловиќ Латас прочитајте ја на весник.ком