Јоци: Од ден на ден, ми се чини дека вмровци не се ни слушаат повеќе што зборуваат

0

Статус на Јорданка Ивановска Јоци:

Многу е смешно како на Мицкоски му е малку минималец за функционери, па инсистира да се откажат од платите истите тие функционери, а он самиот не се откажува.

Дури не даде ни одговор пред некој ден на тв околу анкетата која кружела на неговиот факултет – дали се сложуваат сите професори и друг кадар да донираат една плата. Во емисијата ,,Трилинг”, Мицкоски, само рече – ,,мнозинството одлучи не”.

Секако ова барање на вмровци за про боно работа на министри и директори, му текна на Мице и го побара јавно пред една недела откако СДСМ го притисна ВМРО да се откаже од 1,2 милиони евра буџетски пари, заедно со СДСМ и други 50 партии кои ги делат останатите 3,3 милиони евра, па Мицкоски изјави како нема намера.

Па, ги чекавме вмровциве 5 дена, така врло веома загрижени за народ и здравје, да одлучат и конечно да речат дека ќе се откажат од нашите пари. Иронично, да.

Станува збор за истите вмровци кои бараа Груевски да зема плата како пратеник, иако во бегство.

Од ден на ден, ми се чини дека вмровци не се ни слушаат повеќе што зборуваат. Само преџвакуваат грујови мантри. Во нивните соопштенија доминира мракот и апокалипсата. Сега уште некој Фреди Велики им фали во сценариото и да може слободно да снимат филм – ,,Вмројна во улица на брестовите”.

Претходна статијаГлигоров: Владата денес се посрамоти и создаде дополнителен раздор
Следна статијаСведоштво од Перу на Кико на кого денес му побегна авионот за враќање во Македонија