Италија ваква сабота не памети во историјата – бројот на починати во еден ден достигна 800

0

Смртните случаи од коронавирус во Ломбардија се зголемија за 546 во еден ден, а вкупно починаа 3.095 луѓе во најпогодениот италијански регион, соопштија денеска официјални лица. Тоа е најголемт скок за еден ден во Ломбардија од избувнувањето.

Бројот на заразени случаи во регионот, чиј финансиски центар е Милано, се зголеми од 3.251 на 25.515, според директорот за благосостојба на Ломбардија, Џулио Галера.

Неколку минути подоцна стигна загрижувачка бројка за цела Италија.

Само во последните 24 часа починаа 793 луѓе, што значи дека денешниот ден е најлош од почетокот на ширењето на Ковид-19 во земјата.

Новата стапка на инфекција е 6.557, што значи дека над 53,000 лица во моментот страдаат од симптоми на коронавирусот на Апенините. Вкупниот број на починати, пак, досега е 4.825 луѓе.

Ова е денешниот црн извештај од земјите во светот, во Македонија има 9 нови заразени и сега бројката е 85:

Претходна статија(ФОТО) Познато што правеше Меркел додека во Германија има 20.000 лица со Корона
Следна статијаПратеникот од СДСМ: Имам три сина, ако вие ми ги храните ќе се откажам од платата