Градоначалникот на Дебар повика на евакуација од градот на граѓани од други места кои се затекнале таму

0

Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, побара од државата да организира една масовна евакуација на граѓани од другите градови или земји затекнати на територијата на градот и околината.

„Да се ангажира околу една можна евакуација на сите затекнати на домашни и странски државјани во нашиот град, и да се однесат во нивните дотични држави или градови“, рече Дука на денешната прес-конференција.

Критична е ситуацијата во Дебар и Центар Жупа и се уште вознемирувачка, вака градоначалникот Хекуран Дука ја доловува состојбата во овие места откако бројката на заразени таму се искачи над 30 тина а над 100 лица се држат во карантин.

Сепак денеска на средбата со новинарите првиот човек на општина Дебар посочи дека медицинскиот персонал е зајакнат со двајца лекари педијатри и инфектолог, како и двајца специјализанти по пулмологија. Пристигнати се и заштитни средства така што засега тоа е решено и е доволно додава Дука.

Дебарските компании по повеќе од една недела застој, од денеска започнаа да ги пласираат своите производи и на пазарот на другите градови во земјава.

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој воедно е и прв човек на Оперативиот штаб изјави дека со поддршка на Владата договорено е компаниите од Дебар по добиените дозволи да можат да пренесуваат свои производи надвор од територијата на општините Дебар и Центар Жупа.

Претходна статијаСе поблизу до воведување полициски час – познато кога ќе се знае одлуката
Следна статијаСе огласи ќерката на сопружниците од Кавадарци кои имаат Корона вирус