Ако од Интернет порачате работи од земјите во кои се потврдени случаи на зараза со коронавирус, а најмногу од Кина, еве колкава е шансата до вас да стигне предметот заразен со коронавирус.
Коронавирус или Ковид 19 е висрусна заразна болест која главно се пренесува преку близок контакт од човек на човек, односно ако се најдете во непосредна близина на заразено лице. Лицето носител на корона вирусот може да нема симптоми, но сепак да го шири и пренесува вирусот преку кивање или допирање на предметите околу себе.
Во светот се појави страв од тоа дека предметите кои се купуваат онлајн од Кина, би можеле исто така, на себе да го носат коронавирусот.
Според германската студија која ја објави The Journal of Hospital Infection, предметите кои најчесто се порачуваат онлајн, исто така, би можеле да бидат еден од главните носители на коронавирус во некои земји.
Тим од научници кои спровеле студија предводена од професорот Гунтер Кампф од Универзитетот Греифсвалд во Германија, утврдиле сека различни материјали како пластика, стакло, челик, алуминиум, други метали, дрво, хартија и керамика, и те како реагираат кога се изложени на коронавирус.
Откриле дека коронавирусот може да преживее на неживи површини како метал, пластика и стакло и до девет дена.
Поточно, нивните истражувања покажуваат дека коронавирусот на метални површини може да преживее точно пет дена.
Интересно е што, на предметите од алуминиум коронавирусот може да преживее од два до 8 часа. За пластиката при тестирањето било забележано дека коронавирусот може да преживее од два до девет дена.
Студијата покажала дека температурата во просторијата каде се наоѓа корона вирусот исто така, придонесува кон тоа колку долго може да издржи овој вирус. Тоа може да се погледне во табелата подолу.
Кампрф и неговиот тим забележале дека биолошките раствори како етанол, хидроген и натриум хипохлорид можат да го намалат ширењето на коронавирусот врз предметите.
Коронавирусот може ефикасно да се неутрализира со дезинфекција на површините со 62 до 71% раствор на етанол, 0,5% натриев хипохлорит, во период од само една минута по контамирањето на површината.