Фросина од Скопје: Сеуште ,,Мераклика” е погрден збор за жените

0

Статус на Фросина Ѓоргиовска: ОСМИ МАРТ – ЕРОЗИЈА НА ДУХОТ

,,Откако си честитавме 8-ми Март, сакам да потсетам дека празников не треба да се состои само од давање цвеќе, натафрени фризури и качување по маси. Да не заборавиме, пред се ние овде во какво општество живееме. Да не заборавиме дека жените се уште треба да се борат за своите права и дека таа борба треба да е постојана:

-Во Македонија се уште владее патријархат, а тој се темели до извесен степен на мизогенија. На замолчување, на потчинување на жената.

-Послушноста и покорноста се уште се нарекуваат женски особини, односно женски доблести.

-Во Македонија жените се уште ги прашуваат дали мажот им помага во домашните обврски, место прашањето да биде: како ги распределувате обврските во домот? По дефиниција, домашната работа се уште се смета за женска работа, за жал. А тие обврски во нормални општества се подеднакво распределени меѓу сите работоспособни членови на семејството.

-Го гледам списанието Росица за деца од предшколска возраст. Таму, во еден број од изданието фокусот беше ставен на жената домаќинка. Од мали нозе системот им ги вградува на децата тие родови стереотипи.

-Структурата на патријархатот се отсликува и во јазикот. Има именки од женски род кои добиваат негативна конотација. На пример МЕРАКЛИЈА. За мажи тоа значи човек кој што ужива во животот, боем, хедонист. А МЕРАКЛИКА е жена која што е промискуитетна.

-Според податоците, секоја петта жена во Македонија е жртва на физичко насилство. Само 23% од жртвите се решиле да побараат помош. Жртвите на семејно насилство во голем дел немаат кај да одат. Тие се економски зависни од насилникот.

-Пред некое време во полиција беше пријавен случај за заблуда, односно измама. Некој дал пари на некого за да му донесе жена од Албанија, а овој го излажал, му ги земал парите и не му ја доставил “пратката”. Ова го имаше во медиуми. И ме ужаснува фактот што предметот на трговија воопшто не се проблематизираше од страна на медиумите, туку беше пренесено само како измама. Ние се уште имаме купување, продавање на жени.

-Само 2% од жените имаат имот на сопствено име. Се уште има жени кои законски треба да го наследуваат имотот од своите родители, но сепак тие се лишени од тоа. И тоа е многу важно прашање за нашево општество. Таквата состојба ја доведува во подредена положба жената.

Таа се очекува да замине од домот и да се снајде таму каде што ќе се омажи. А ако не оди нешто како што треба со нејзиното ново семејство, таа нема каде да се врати и е принудена да го трпи тоа што и се случува.

-Бети Фридан пишуваше за домаќинството како концентрационен логор… Е па жени, ајде среќен нека е празников и прочитајте нешто од гореспоменатава … Колку да ви станат појасни работиве…”

Претходна статијаПетар Богојески: Го замрзнувам членството во ВМРО – ќе бидам независен кандидат за пратеник
Следна статија(ФОТО) Влатко Ѓорчев се пофали дека го знаел новиот шеф на кабинет на Трамп