(ФОТО) Силен земјотрес во Загреб, разрушени згради, војската на улица

0

Земјотресот од 5,3 степени кој утрово го потресе Загреб и цела Хрватска предизвика голема штета и паника меѓу граѓаните. Едно 15-годишно девојче е во критична состојба, граѓаните се во паника.

Силен земјотрес од 5,3 степени придружен со уште три помали го погоди хрватскиот главен град рано утрово. Ударот предизвика голема материјална штета во градот.

Многу згради се оштетени, а низ улиците можат да се видат делови од ѕидови и фасади. Оштетена е и катедралата во центарот на градот откако колабираше една од двете кули. Катедралата беше реновирана откако беше тешко оштетена во последниот голем земјотрес во градот во 1880 година.

Во Загреб, според противпожарната служба, има „заглавени“ граѓани. Материјални штети се забележани во централното подрачје, а делови од градот останаа без струја и вода. Едно 15 годишно дете е во критична состојба, а загрепчани претпладнево постојано чувствуваат тресење на тлото.

„Паника не е потребна во оваа ситуација. Здравствениуот сегмент е релативно задоволителен и приоритетно е да се види стабилност на конструкциите и усогласен став на сите во општеството. Имавме кризна ситуација со десет новороденчиња кои се сместени во КБ „Дубрава““, порача министерот за здравство Вили Берош.

Во меѓувреме, на улиците на Загреб, излезе и хрватската армија.

„Стравот од можеби посилен потрес е присутен кај сите нас, но тоа навистина не може да се предвиди, а камоли дали би бил посилен од првиот. Можеби ќе има денеска, можеби за 20 дена. Кога се случуваат вакви посилни потреси, вообичаено е да има и неколку послаби. Сметаме дека таа енергија е подобро да се распореди во неколку мали“, велат од сеизмолозите.

По првиот потрес утрово, следуваат уште неколку од кои два посилни. Јачината на едниот земјотрес бил пет степени, а третиот земјотрес што е регистриран околу 7:40 часот бил со јачина од 3,7 степени. Полицијата ги предупредила граѓаните да излегуваат веднаш од домовите, да се оддалечат од зградите, без разлика дали се оштетени или не. Сепак, од граѓаните се бара да се оддалечат едни од други, со оглед на епидемиолошката криза.

Претходна статијаКалина Коси: Денес ќерка ми требаше да оди во парк – еве што јас и кажав и што таа направи
Следна статија(ФОТО) По земјотресот во Загреб пациентите на улица меѓу нив и родилки со бебињата во раце