(ФОТО) По земјотресот во Загреб пациентите на улица меѓу нив и родилки со бебињата во раце

0

Утринава главниот хрватски град Загреб го погодија два силни земјотреси со јачина од 5,5 и 5,0 степени според Рихтеровата скала. Едно 15-годишно девојче е сериозно повредено, и се бори за живот.

Во земјотресот се срушени неколку објекти, уништени возила, а исто така оштетена е дел од болницата Ребро, и болницата на улица Петрова.

Пациенти и родилки излегоа надвор на улиците. Оваа фотографија покажува за јачината и стравот од земјотресот. Родилки од загребската болница со своите бебиња во раце се излезени на улица плашејќи се за своите чеда.

Поради земјотресите што рано изутрината го потресоа Загреб, зградата во која е сместена Клиниката за гинекологија и акушерство се смета дека не е безбедна поради што е решено новороденчињата да бидат сместени во шатор во кругот на Клиничката болница Дубрава.

„Трудниците, исто така, ќе бидат згрижени и тоа во понова зграда која се наоѓа до старата“, изјави Миливој Новак, помошник-директор на Клиничкиот болнички центар во Загреб.

Претходна статија(ФОТО) Силен земјотрес во Загреб, разрушени згради, војската на улица
Следна статијаБројката на заразени со Корона во Македонија надмина 100: Во последните 24 часа има 29 нови случаи