Бројката на заразени со Корона во Македонија надмина 100: Во последните 24 часа има 29 нови случаи

0

Како што беше најавено од вчера од страна на Министерството за здравство, сега пресек на новите случаи со Корона во Македонија ќе се прави на секои 24 часа, а резултатите и бројќите ќе се објавуват во 12 часот напладне.

Денешниот биланс во земјава за изминативе 24 часа се регистрирани 29 нови заболени од коронавирусот. Најголемиот дел од заразените се од Скопје. Сега бројката на заразени се искачи на 114 лица во нашата земја.

Во изминатото дено-ноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа се уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите.

Повеќе детали за новозаболените како и со состојбата за коронавирусот ќе бидат соопштени на прес-конференцијата на министерот Венко Филипче во 15 часот.

Министерот Венко Филипче сподели дека од утре ги ставаме во функција двата пункта за земање на брисеви во поликлиниките во Јане Сандански и Чаир, каде веќе е распределен стручен кадар. Тестирањето се врши исклучиво по епидемиолошки и клинички индикации. Да оставиме простор за оние кои навистина треба да се тестираат.

Претходна статија(ФОТО) По земјотресот во Загреб пациентите на улица меѓу нив и родилки со бебињата во раце
Следна статијаСкопјанецот Иван јавно откри дека има Корона и порача: Се молам на Бога како стиснат Егеец да не сум го раширил на други луѓе